Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Бизнис и Економија

Словенија е лидер во регионот на поранешна Југославија со просечна нето плата од 1.477 евра во јануари оваа година

27.03.2024 00:01
Сподели

Белград, 26 март 2024 (МИА) – Во однос на просечната плата во јануари 2024 година, Словенија е лидер меѓу земјите од поранешна Југославија со 1.477,34 евра, додека Северна Македонија е на дното со просечна нето плата од 643 евра. На второ место е Хрватска (1.239 евра), на трето е Црна Гора со 819 евра, а со две евра помалку е Србија која е на четврто место со просечна нето плата од 817,7 евра. Просечната плата во Босна и Херцеговина е 679 евра.

Просечната плата (бруто) пресметана за јануари 2024 година во Србија е 132.372 динари, додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) е 95.836 динари (817,7 евра според просечниот девизен курс на НБС на 25 март 2024 година), соопшти Републиканскиот статистички институт.

Во однос на јануари 2023 година, просечната нето-плата пресметана за јануари 2024 година е номинално повисока за 15,8 отсто, а реално е повисока за 8,8 отсто.

Банер Банер BrandEcho

Просечната бруто плата во Словенија за јануари 2024 година изнесува 2.317,82 евра. Пониска е од платата за претходниот месец – номинално за 1,3 отсто, а реалната за 0,7 отсто. Просечната нето плата е 1.477,34 евра и номинално е пониска од платата за декември 2023 година за 3,4 отсто, а реално за 2,8 отсто.

Просечната месечна нето-плата исплатена на вработен во Хрватска за јануари 2024 година изнесува 1.239 евра, номинално зголемување за четири отсто и реално за 4,4 отсто од декември 2023 година.

Просечната плата (бруто) во јануари 2024 година во Црна Гора е 1.024 евра, додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) е 819 евра.

Просечната месечна нето плата исплатена на вработен во Босна и Херцеговина во јануари изнесува 1.328 конвертибилни марки (679 евра) и е номинално повисока за 2,4 отсто, а реална за 2,2 отсто во однос на претходниот месец. Просечната месечна бруто-плата на вработен во Босна и Херцеговина за јануари изнесува 2.052 конвертибилни марки, што покажува номинален раст од 2,4 отсто, а реално просечната плата е за 2,2 отсто повисока од декември минатата година.

Просечната месечна нето-плата исплатена на вработен во Република Северна Македонија во јануари 2024 година изнесува 39.542 денари (643 евра), што е за 16,5 отсто повеќе отколку во јануари 2023 година, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија Македонија. Зголемувањето е последица на зголемувањето на просечната месечна нето плата на вработените во секторите: Јавна администрација, одбрана, задолжително социјално осигурување – 27,8 отсто, водовод, канализација, управување со отпад и санација – 19,2 отсто и Земјоделство, шумарство и рибарско стопанство – 19,1 отсто.

Од Марија Спасовска Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулаторот за БМИ
Калкулаторот за БМИ (телесна маса)
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Невработеноста во пораст за едно тримесечје, но значително пониска од лани – расте и неформалната економија

ЕУ се подготвува за долготрајна криза поради конфликтот во Иран

Цените на нафтата продолжуваат да се намалуваат на почетокот на новата недела

Украина доби 1,1 милијарда долари од ММФ

Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат: Трговците во неизвесност

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Бизнис и Економија

Народна банка на Србија: Лани рекордно ниво на онлајн пазарење – секој ден во просек по 225.000 купувања

БалканБизнис и Економија

Franck ја зајакнува својата позиција во БиХ со нова аквизиција

Бизнис и Економија

Финска Olvi ја презема најголемата пивара во Босна и Херцеговина

Бизнис и Економија

„Дојче банк“ планира да отпушти две илјади вработени и да ја намали мрежата на филијали

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?