Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македонија

СМК со тешки обвинувања: се менува етничката и верската карта на државата

19.01.2026 17:28
Сподели

Светски Македонски Конгрес ги оцени како неприфатливи одлуките на Владата за издавање дозволи за престој и работа на странски државјани, оценувајќи дека со нив се врши промена на етничката и верската структура на државата, како и нарушување на темелните принципи на државноста.

Во реакцијата објавена на 19 јануари 2026 година во Скопје, од Конгресот наведуваат дека ваквите политики се спротивни на унитарниот карактер на државата и на принципот на неменливост на етничката и верската карта, утврдени по 2001 година.

СМК смета дека увозот на работна сила не претставува економска нужност, туку директно го поткопува домашниот пазар на труд и животниот стандард на македонските државјани. Посебно се критикува одлуката за издавање 10.000 дозволи за престој и работа во 2026 година, од кои 9.750 за редовно вработување, 200 за упатени странци и 50 за сезонски ангажмани.

Банер Банер BrandEcho

Според податоците наведени во соопштението, 4.500 дозволи се предвидени за нови вработувања, додека 5.250 се за продолжување на постојните дозволи, најчесто во градежништвото (Коридорите 8 и 10Д), индустријата, угостителството и трговијата. СМК укажува дека ваквите бројки се особено проблематични ако се земе предвид дека во државата има околу 90.000 невработени македонски државјани.

Конгресот дополнително посочува дека бројот на дозволи во 2026 година е три и пол пати поголем во споредба со 2021 година, кога биле издадени само 1.704 дозволи. Како земји од кои има најголем интерес за работа во Македонија се наведуваат Бангладеш, Непал, Индија, Турција, Кина и Филипини.

Иако Владата секоја година утврдува квота која не смее да надмине 5 проценти од вкупно вработеното население, СМК оценува дека бројката од 10.000 дозволи претставува значителен раст – за околу 7.000 повеќе во однос на 2023 година.

Во соопштението се предупредува дека ваквата политика ќе доведе до притисок врз минималната плата, во корист на профитните интереси на големите компании, со што Македонија ризикува да се претвори во резерват на евтина работна сила и прифатен центар за туѓи социјални проблеми.

СМК изразува и посебна загриженост поради, како што наведуваат, бришењето на невработени македонски државјани од евиденцијата на Агенцијата за вработување, што, според нив, се прави за да се отвори простор за увоз на странска работна сила.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за вредноста на платата денес
Калкулатор за тоа колку вреди твојата плата денес.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Општина Гевгелија: Повторна јавна презентација за Индустриска Зона „Блокотехна“!

Делчево: Создаваме новогодишна приказна. Започна новогодишното украсување на градот

Фатен пијан Италијанец во Штип – со 1,68 промили зад воланот

НАТО ќе отвори свое претставништво во Женева, соопшти швајцарската влада

Таравари алармира – само 5 % Албанци вработени во институциите

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Билјана Ивановска независна кандидатка за градоначалник на Општина Центар

Локално

Делчево: Започна реконструкцијата на ул „Ванчо Прке“

Локално

Министерот Перински во Неготино: Подобрување на животот на граѓаните на прво место

Македонија

Лажни станови и хотелски резервации: 23-годишна скопјанка уапсена за измами

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?