Со коњска кола влегле во фабрика, па претепале вработени

Три лица со коњска кола физички нападнале вработени во фабрика на подрачјето на Ѓорче Петров, информираат од СВР Скопје.

Според пријавата, на 14 февруари 2026 година околу 11:45 часот напаѓачите влегле во кругот на фабриката. Откако биле забележани од тројца вработени и предупредени да го напуштат просторот, тие станале агресивни и физички ги нападнале работниците, при што користеле и дрвени предмети.

Случајот бил пријавен во полиција во 21:00 часот истиот ден, а од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и идентификација на напаѓачите.

Засега нема официјални информации за тежината на повредите на нападнатите вработени.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава