Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македонија

Сообраќаен аларм низ Македонија: Забрани, влажни коловози и одрони

21.01.2026 07:26
Сподели

Сообраќајот на државните патишта низ земјава утрово се одвива непречено, но по претежно влажни коловози, информираат од АМСМ.

Поради зимски услови, на сила е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинските превои Плетвар, Ѓавато, Пресека, како и на патниот правец Маврово – Дебар – Струга и на граничниот премин Ќафасан.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември 2025 година е на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во сите возила, без разлика на моменталните временски услови. Оваа обврска важи до 15 март 2026 година.

Банер Банер BrandEcho

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде постои опасност од одрони. Посебна внимателност се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица останува затворен за сообраќај за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година, поради сезонски зимски режим.

Поради изведување градежни активности, на повеќе патни правци е воведен изменет режим на сообраќај. На Коридор 10, на делницата Прилеп – Битола, сообраќајот е пренасочен по регионалниот пат Р1101. На државниот пат А2 – скопска обиколница, во делот од клучка Волково до Кондово, поради рехабилитација, затворена е левата лента за претекнување.

На експресниот пат А2 Крива Паланка – Страцин, кај километар 14+200 во близина на селото Петралица, во текот на денот сообраќајот се регулира рачно, а во ноќните часови со семафори. Истовремено, продолжуваат градежните активности и на регионалниот пат Косоврасти – Мелнички Мост, како и санацијата на мостот Здуње на делницата Гостивар – Стража, каде сообраќајот се одвива наизменично со семафорска сигнализација.

Возачите се повикуваат редовно да се информираат за состојбата на патиштата и да го планираат патувањето согласно актуелните услови.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за пресметка на брути/нето плата и придонеси
Калкулатор за пресметка на бруто и нето плата како и придонеси од плата.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

ДИК донесе измени и дополнувања на роковниците за изборите согласно Изборниот законик

Полицијата сопре автобус со деца од екскурзија кај Отовица, по пријава дека повеќепати се расипувал по пат

ЕК ги одби барањата на превозниците од Западен Балкан – се закануваат нови блокади и недостиг на стоки

Кочани воведува еднонасочен сообраќај на главните улици

Инцидент во Скопје – Од расправија со колешка до напад и уништено возило!

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Зимското сметање на времето стартува викендов!

Локално

30 октомври: Kонцерт „Филип Динев СК404“

Локално

Од Општина Маврово и Ростуше вчудоневидени и изненадеи за корупцијата во Општината

Македонија

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите во Кочани одбиле средба: „Подготвен сум да одам кај нив“

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?