Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македонија

Тошковски: Доброволното плаќање носи поволности, но сериозните прекршоци значат и забрана за управување со возило

01.02.2026 11:27
ФОТО: МВР
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во дневникот на Македонската национална телевизија појасни како ќе се применуваат санкциите во рамки на системот „Безбеден град“, особено во однос на повеќекратни прекршоци и можноста за доброволно плаќање на казните.

Тој истакна дека законската регулатива предвидува јасни механизми за санкционирање, при што секој возач може да направи прекршок, но сериозното и значително надминување на дозволената брзина повлекува построги последици.

„Доколку на пример на место каде што е дозволена брзина од 50 километри на час возачот управува со над 90 километри на час, се изрекува и забрана за управување со моторно возило. Тоа значи дека во одреден временски период лицето нема да може да управува ниту со сопственото, ниту со друго возило од таа категорија“, појасни Тошковски.

Банер

Министерот нагласи дека системот предвидува можност за доброволно прифаќање на одговорноста, што носи одредени поволности за граѓаните. Доколку казната се плати во рок од осум дена, се плаќа половина од износот. Дополнително, доколку во рок од 16 дена Граѓанинот ја плати казната и го признае прекршокот, Министерството може да изрече забрана за управување под законскиот минимум.

„Ако, согласно закон, за одреден прекршок е предвидена забрана за управување од минимум три месеци, во случај на доброволно прифаќање и плаќање, таа забрана може да биде намалена, на пример на 45 дена. Ова го воведовме за да ги мотивираме граѓаните кога постојат јасни докази да не одат во долги судски постапки“, рече Тошковски.

Тој додаде дека системот „Безбеден град“ работи со видео записи и фотографии како докази, што овозможува висока точност во утврдувањето на прекршоците. Граѓаните, сепак, имаат право да поведат судска постапка доколку сметаат дека тоа е потребно, но во таков случај не може да се применат поволностите за намалување на санкциите под законскиот минимум.

„Целта не е казнување по секоја цена, туку поголема одговорност во сообраќајот. Оние што прават сериозни прекршоци ќе сносат последици, а системот е поставен така што пред сè треба да придонесе кон заштита на човечки животи“, истакна министерот Тошковски.

Проектот „Безбеден град“ претставува клучен чекор во зголемување на сообраќајната дисциплина, дигитализација на постапките и јакнење на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Јавни набавки
Приказ на реализирани и планирани јавни набавки.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Јакимовски: Од блокирана сметка до финансиски стабилна општина со рекорден приход

Општина Гевгелија: Повторна јавна презентација за Индустриска Зона „Блокотехна“!

Планирани и непланирани прекини на струја – проверете дали сте на листата

Дел од Карпош 3 без вода поради санирање на дефект

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Обвинение за злоупотреби при осветлувањето на коритото на Црн Дрим

Македонија

Во Лазарополе утрово најсвежо

Македонија

АХВ постапи по поднесените претставки за мачење на коњ

Локално

Пехчево: Реконструирана улица бр 13б во с. Чифлик

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?