Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Локално

Уметност што го преобликува просторот- Изложбата „Апотеоза на пределот“ на Кирил Гегоски отворена во Гевгелија

21.10.2025 20:22
Сподели

Претставување на досегашното и рецентното творештво на реномираниот македонски уметник, Кирил Гегоски, чиј опус има забележителен успех во регионот и кој се смета за еден од битните автори на македонската постмодерна и современа уметност, беше основата на изложбата „Апотеоза на пределот“, свечено отворена на 20 октомври 2025 година, во Уметничката галерија „Амам“. Настанот е организиран од ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, во соработка со Националната галерија на Македонија и НУ Музеј- Гевгелија.

Делата се од циклусот „Апотеоза на пределот“, создадени во периодот 1974-2024 година, во комбинирани техники, потврдувајќи ги неговите долгогодишни напори во развојот на препознатливиот уметнички ракопис. Изложбата ја отворија директорката на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, Мирјана Крстева Массетти, и кураторот на изложбата- Горанчо Ѓорѓиевски, историчар на уметност и кустос во Национална галерија на Македонија, а поздравно обраќање имаше и самиот уметник, Кирил Гегоски.

– Воден од потенцијалот на сликарското искуство, преку ликовно стилизирање, во неговите дела композицијата се транспонира во апстрактно-асоцијативни, но, сепак, препознатливи форми. Бојата е базисот во творештвото на Гегоски. Бојата е збир на заробена енергија која од раката на авторот добива експлозивност и потполна слобода. Преку неа тој врши колористички истражувања на соодносите меѓу боите и површините. Тој не размислува апстрактно, туку прави одредени стилизации на пределот кој говори за внатрешните состојби, создава динамика и тензија во расположенијата што ја обликуваат композицијата во својата крајна ликовна претстава. Неговото творештво од најраните дела, па сè до денес, се одликува со минимализам и редуцирана симболика, префинет вокабулар и отсуство на какви било непотребни детали во третманот на сликата- истакна Ѓорѓиевски.

Банер Банер BrandEcho

Уметникот Гегоски го изрази своето задоволство што токму неговата изложба е дел од програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“. Тој нагласи дека е особено радосен што неговите дела се претставуваат пред гевгелиската публика, додавајќи дека споделувањето на уметничката радост меѓу граѓаните е една од најубавите вредности на културата.

На отворањето на изложбата присуствуваа љубители на уметноста, претставници локалните институции и јавни личности, кои имаа можност визуелно да се запознаат со опусот на овој признат македонски уметник. Изложбата ќе биде отворена за јавноста во Уметничката галерија „Амам“ во следните недели, овозможувајќи им на сите посетители да уживаат во уникатниот визуелен свет на Кирил Гегоски. Изложбата „Апотеоза на пределот“ е дел од програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, со која градот се стреми да создаде простор за нови културни доживувања. Преку ваквите настани, Гевгелија се претставува како средина што го негува уметничкиот израз и ја поттикнува размената меѓу уметниците и публиката, збогатувајќи го својот културен идентитет и препознатливост на национално ниво.

Кирил Гегоски е роден во Прилеп во 1944 година. Завршил Училиште за применета уметност во Скопје (1964) и е долгогодишен член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) и на Друштвото на ликовни уметници на Битола (ДЛУБ). Тој има учествувано во бројни групни изложби во земјата и во странство и зад себе има над четириесет самостојни изложби во: Македонија, Србија, Словенија, Франција, Велика Британија, САД и Бугарија. Во 1979 година престојувал во Париз како стипендист на сојузната програма „Моша Пијаде“, а неговите студиски патувања опфаќаат земји како Италија, Грција, Франција, Полска и поранешниот СССР.

Уметникот е добитник на бројни признанија, меѓу кои наградите: „Никола Мартиноски“, „Моша Пијаде“, „Вангел Коџоман“, како и неколку откупни награди на ДЛУМ и на меѓународни изложби. Делата на Гегоски се наоѓаат во бројни јавни и приватни колекции во Македонија и во странство, а неговото влијание на македонската ликовна сцена се смета за значајно и инспиративно за новите генерации уметници.

Извор:gevgelija.gov.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за пресметка на брути/нето плата и придонеси
Калкулатор за пресметка на бруто и нето плата како и придонеси од плата.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

23-24 август: Музика, уметност и природа на едно место

Детската радост во Крива Паланка: Првоаприлски маскенбал полн со смеа и креативност

Советот на општина Струмица ја одржа шесттата седница: Усвоени одлуки за спорт, образование, гас и финансиска поддршка

Традиционално доделени новогодишни подароци на лицата со попреченост и децата од семејства во социјален ризик

Герасимовски на дружба со хигиеничарите: Платите скоро двојно зголемени, се регулира статусот за вработување

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Охрид се поклони на хероите!

Локално

Одбележување на Детската недела во рамки на „Гевгелија град на култура за 2025 година“ од 6 до 10 октомври

Локално

Аеродром: Голема екоакција за собирање текстилен отпад

Локално

Дел од Аеродром без вода поради дефект на булевар „Јане Сандански“

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?