Упис на нови членови во фолклорната секција при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево

Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево објавува упис на нови членови во Фолклорната секција, која со децении претставува чувар на народното творештво и традиција од Пијанечкиот регион и пошироко.

Фолклорот е основа на идентитетот и културното наследство, а преку песна, оро и игра, Центарот ја пренесува оваа ризница на младите генерации.

Упис за сите возрасти

Уписот е отворен за сите заинтересирани – деца, млади и возрасни, почнувајќи од 4-годишна возраст па нагоре. Работата со членовите ја води стручно лице – соработник за фолклор и сценско-уметничка дејност, кое низ професионален пристап ги воведува учесниците во народните игри, песни и обичаи.

Можности и придобивки

Со приклучување кон ансамблот, членовите ќе имаат можност:

  • да настапуваат на концерти и фестивали во земјата и странство,
  • да бидат дел од големо и сплотено семејство кое ја негува традицијата,
  • да растат со љубов кон уметноста и културата.

„Со секој нов член, нашата приказна станува побогата и поразновидна. Ве покануваме да бидете дел од овој патувачки аманет што од минатото го носиме кон иднината,“ порачаа од Центарот за култура.

Детали за уписите

  • Уписите траат од 15 септември до 15 октомври.
  • Термини за проби: понеделник, среда и четврток од 16:00 до 20:30 часот, петок од 16:00 до 19:00 часот.
  • Локација: сала „Спомен Дом АСНОМ“ – Делчево.
  • ℹ️ За постарите членови распоредот останува непроменет.
  • ▶️ Почеток на работа: 15 септември.

Контакт за пријавување

Соработник за фолклор и сценско-уметничка дејност:
Кристијан Трајановски
076/495-887

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава