(ВИДЕО) Скандал во Велес! Цеца прегрна бугарско знаме – публиката свиреше и негодуваше!

ФОТО: Скриншит / Игор Смилев

Концертот на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ, одржан ноќеска во Велес, заврши во непријатна атмосфера поради неочекуван инцидент што предизвика бурни реакции меѓу дел од публиката.

Настанот се случил во текот на настапот, кога обожаватели од првите редови и подале неколку знамиња, меѓу кои и бугарското знаме. Пејачката, во знак на благодарност, го прифатила и го прегрнала, но тој гест не бил добро прифатен од дел од присутните.

Публиката веднаш реагирала со свирежи и негодување, по што Цеца накратко го прекинала настапот.

Иако ситуацијата потоа се смирила и концертот продолжил, инцидентот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде граѓаните ги споделуваат своите мислења за потегот на пејачката и однесувањето на публиката.

Настапот на Цеца во Велес беше дел од нејзината балканска турнеја, која привлече илјадници посетители низ регионот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 info (@24info.mk)

Сподели ја оваа објава