Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Локално

Започна изградбата на модерен парк со детско катче крај станбениот комплекс на булевар „Гевгелија“

29.12.2025 12:42
Сподели

Во Гевгелија, започна изградбата на нов парк со детска зона. Новиот јавен простор се гради во непосредна близина на станбениот комплекс крај булевар „Гевгелија“ и крстосницата со улица „Деко Ковачев“. Проектот за цел да обезбеди функционален, безбеден и модерен простор за игра на децата, рекреација и одмор за сите граѓани, како и да го збогати зеленилото во градот. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, изврши увид во отпочнатите градежни работи.

Изградбата на паркот, која се очекува да биде завршена до почетокот на пролетта, опфаќа: детско катче со реквизити за игра и забавни активности за најмладите, нови пешачки патеки од павер елементи за безбедно и лесно движење, урбана опрема за одмор и рекреација- вклучувајќи клупи, држачи за велосипеди и други елементи за удобност на посетителите, модерно осветлување за создавање безбедна и пријатна атмосфера во вечерните часови и хортикултурно уредување со систем за наводнување за одржување на зеленилото и подобрување на естетскиот изглед на просторот.

Покрај постоечките дрвја, во паркот ќе бидат засадени и нови садници, со што се овозможува создавање на уште еден уреден и зелен јавен простор кој директно придонесува за подобрување на животната средина и квалитетот на живот во општината. Со изградбата на овој парк, Гевгелија добива уште еден современ, функционален и зелен јавен простор.

Банер Банер BrandEcho

– Како градоначалник, водејќи се од секојдневните потреби на денешното живеење, а притоа детектирајќи го недостигот на модерно уредени зелени површини и содржини за деца, континуирано работиме на создавање нови паркови и јавни простори кои ќе бидат функционални, безбедни и во функција на граѓаните- истакна Сарамандов.

Извор:gevgelija.gov.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за вредноста на платата денес
Калкулатор за тоа колку вреди твојата плата денес.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Во сабота започнува третото издание на Ohrid Water Festival

Општина Охрид: Свежо цвеќе во чест на борците од НОБ

Општина Карпош: Училиштето „IPS“ есенски прваци во кошарка

Општина Карпош стартува со субвенции за кастрација и стерилизација на бездомни мачки

Скопската депонија „Дрисла“ во катастрофална состојба: Градоначалникот Ѓорѓиевски бара итна трансформација

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Карпош: Засадени 59 дрвја во чест на жртвите од трагедијата во Кочани

Локално

Општина Карпош ќе спроведе акција за проверка на хидрантската мрежа во зградите

Локално

Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје

Локално

Илинден: Започна со изградба на сервисна улица „1“ во Јака

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?