Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Локално

Жените од Делчево порачаа: Еднакви можности секој ден

07.03.2026 12:17
Сподели

Со засадување цвеќиња пред Спомен-домот АСНОМ, КЕМ на Општина Делчево ја започна кампањата „Еднакви можности секој ден“ по повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март. На настанот активно учествуваа членки на КЕМ и координаторките за ЕМ од Општина Делчево, работнички, советнички, раководителки, претставнички на граѓанскиот сектор и на месните и урбаните заедници, а во акцијата се вклучи и градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски.

Сите заедно испратија порака дека 8 Март- не е само ден за честитки, туку потсетник дека еднаквите можности се темел на праведно и силно општество!

Целта на кампањата е да се испрати јасна порака дека родовата еднаквост не е само  тема по повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март, туку вредност што треба да се живее и применува секојдневно- во институциите, на работното место, во образованието и во семејството порача претседателката на КЕМ Адријана Илиевска-Велковски.

Банер Банер BrandEcho

– Еднаквоста не е само прилвилегија, туку право. И таа се практикува, не еден ден туку секој ден. Улогата на жените во ова општество е огромна и можеме да се пофалиме дека во Делчево жените имаат значајно учество во системот.  На жената треба да ѝ се даде глас, да ѝ се даде можност, жената може и знае, нагласи Илиевска-Велковски.

Координаторката за ЕМ, Сузана Петровска истакна дека најмногу иритира рамнодушноста и молчењето на жените и дека жените треба да се активни двигатели во општеството.

– Оддаваме длабока почит кон сите жени кои низ историјата и во современието кои се бореле и се борат за она што сме денес и за сите резултати што ги бележиме кога еднаквите можности се во прашање. Даваме завет дека ќе продолжиме со нашата борба за решавање на проблемите кои ги имаат жените денес, бидејќи секојдневно сме сведоци на фемицид и живот со насилство, говор на омраза, заклучи Петровска.

Градоначалникот Иван Гоцевски даде поддршка на кампањата и посочи дека со денешната акција на засадување цвеќиња- зборуваме за еден поинаков 8 Март..

-Со акцијата, оваа група амбициозни и посветени жени испраќаат силна порака дека секоја промена започнува со мал, но искрен чекор. Секој засаден цвет е симбол на нов почеток, на надеж и верба во подобра иднина. Жените се двигател на позитивните промени во нашата заедница-како мајки, професионалки, активистки и лидерки. Денешната иницијатива покажува дека, кога жените се здружени околу заедничка цел, резултатите се видливи и трајни. Продолжуваме да ги почитуваме вистинските вредности и да градиме еднакви можности секој ден за сите, порача Гоцевски.

Во рамките на акцијата и во соработка со Организација ЖЕНА, денеска беа поделени флаери за значењето на еднаквите можности во едно здраво општество, а се подготвува и трибина за родово базирано насилство.

Инаку, во Делчево се зголемува бројот на жени кои се на одговорни функции, па има 9 жени директорки или раководителки, командирка на полиција, за прв пат во Делчево имаме 6 советнички, 3 жени претседателки и 15 жени членки на советите на месните и урбаните заедници, а функцијата заменик-градоначалник е во рацете на жена.

Извор:www.delcevo.gov.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Цени на горива
Преглед на актуелните цени на горивата и енергенсите како и приказ на историското движење на цените.
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Упис на нови членови во фолклорната секција при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево

Општина Прилеп воведе електронска наплата на даноци – брзо и ефикасно подмирување на обврските

Првачињата во Делчево и оваа година ќе добијат по 3.000 денари

Делегација од Амбасадата на Грција во официјална посета на Општина Кочани

Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

8 август: Изложба на 31 портрет на лица со попреченост

Локално

29 и 30 август: 17. БОШ Фестивал со богата културно-уметничка програма

Локално

Заврши програмата за млади во Кочани „Лето во друштво“

Локално

Заврши рехабилитацијата на улицата „Цар Самоил“ во Кочани

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?