Зимски услови на дел од патиштата – слаб снег на Попова Шапка, сообраќајот се одвива без поголеми застои

Сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива во зимски услови и по наместа влажни коловози, информира АМСМ.

Слаб снег со променлив интензитет утрово има на патниот правец Тетово – Гостивар – Маврово, како и на Попова Шапка, но засега не се задржува на коловозот.

Од 15 ноември во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временските услови. Ова правило ќе важи до 15 март 2026 година.

Интензитетот на сообраќајот надвор од урбаните средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна засега нема подолги чекања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодување на брзината и внимателно управување, особено на делниците:

  • Катланово – Велес
  • Маврово – Дебар – Струга
  • Виница – Берово
  • Кочани – Делчево

На овие правци постои зголемена можност од појава на одрони, особено низ клисури, котлини и речни долини.

Поради сезонскиот режим, патниот правец Охрид – Ресен преку НП Галичица останува затворен за сообраќај за сите возила и ќе биде недостапен до 31 март 2026 година.

  • Прилеп – Битола (Коридор 10Д): сообраќајот е пренасочен по регионалниот пат Р1101, на потегот од клучка Лагово до Тополчани.
  • Скопска обиколница (А2): поради рехабилитација кај Волково – Кондово затворена е левата лента, а сообраќајот се одвива по средната и по лентата за принудно запирање.
  • Крива Паланка – Страцин: кај село Петралица од 07 до 17 часот има рачна регулација на сообраќајот, а ноќе семафорска.
  • Косоврасти – Мелнички Мост: во тек е санација на свлечиште со времен режим на сообраќај.
  • Гостивар – Стража (мост Здуње): воведена е времена семафоризација со наизменично пропуштање на возилата.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава