Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

25 години од масакрот кај Вејце – „Сите ќе изгинеме за Македонија“

28.04.2026 05:45
ФОТО: Македонски Бранители
Сподели

Пишуваат Македонски БРАНИТЕЛИ

На 28 април 2001 година, попладнето во 17:45 часот на кривината Црвен камен во месноста Бреза, на средина од планинскиот пат помеѓу селата Селце и Вејце – тетовско, се случи најгрозоморниот и најкрвавиот настан во војната 2001 година и во поновата историја на Македонија. Од припадници на терористичката и паравоената формација ОНА, од заседа беа пресретнати, нападнати, убиени и на крај ѕверски масакрирани осум, а ранети тројца припадници на Вооружените сили на Македонија. Крвав настан, меѓу ретките со ваква жестокост и злоба, извршен и забележан во вековната борба за слобода и државност на Македонскиот народ во Македонија. Вкупниот крвав пир е осум загинати и тројца ранети припадници на Вооружените сили на Македонија.

По вооружениот напад терористите се симнале на патот, при што почнало дивеењето и крвавиот пир врз тешко ранетите и онеспособени за давање на отпор, припадници на Вооружените сили на Македонија. Откако со истрели од близина се усмртени тешко ранетите, но сеуште живи припадници на Вооружените сили на Македонија, терористите го започнале масакрирањето на нивните тела со брутално кршење на черепите со кундаците од пушките и со бодење на веќе мртвите тела на македонските бранители со длабоки убоди предизвикани со вртење од таканаречен “кинески” нож. На крај тројца полицајци, се уште живи биле запалени и целосно изгорени.

Банер Банер BrandEcho

Постојат многу сомнежи дека патролата била предадена од полициски началници… За време на кусата борба, преку мобилниот телефон, подоцна масакрираниот Илче Стојановски се јавил на двапати кај неговиот претпоставен во базата во Тетово и му пренел дека се нападнати, дека има ранети и загинати и бара да им се испрати итна помош, која за жал не ја добиле… Откако се случија ден претходно чудни измени во патролата, како и бавната реакција на помош, бранителите непосредно пред нивната маченичка смрт биле свесни дека се работи за предавство. Во тие куси мигови на одлука и размислување, на нишан од терористите и соочен со смртта, Илче Стојановски во последен здив уште еднаш се јавува, за очајнички и безпомошно да каже: “Нема потреба повеќе да ни доаѓате во помош, сите ќе изгинеме за Македонија…“ И радиостаницата замолкнала…

Остана дилемата, дали е случајно или испланирано, од 16 припадници од патролата на Вооружените сили на Македонија, во масакрот кај Вејце осум да загинатат и осум живи да останат…

За загубите на припадниците на ОНА, доколку ги имало, до денес македонската јавност ништо не знае…

Освен неуспешниот судски обид на родителите на загинатите, никој не се обиде, иако и по службена должност некои беа обврзани, да ја расветлат вистината за масакрот кај Вејце.

Густа пајажина од спротивставени гласини и несинхронизирани изјави се плете до денес, без некој да ја каже вистината за масакрот. Но, сепак една е вистината за Вејце, која ја знаат и двете страни, прашање е кога ќе биде соопштена на македонската јавност. Дотогаш, за масакрот кај Вејце многумина довека мир во душата нема да имаат, а совеста ќе ги пече и прогонува.

Бидејќи речиси сите загинати во Вејце се масакрирани со тврди предмети и ножеви, уште додека биле живи а ранети, потоа и живи запалени, сето тоа се коси со Женевската конвенција и другите норми на војување, со што настанот е доволен доказ дека извршителите и нарачателите требаa да бидат изведени пред домашните судови, а потоа и пред меѓународниот суд во Хаг за воени злосторства. Сите докази и материјали, во форма на дигитален запис, биле испратени до Меѓународниот суд за воени злосторства. Меѓу петте оформени Хашки предмети за воени злосторства направени во 2001 година во Македонија, е и досието за Водството на ОНА во кое е опфатен и Mасакрот кај Вејце. Судот во Хаг го процесуираше само случајот Љуботен, а станатите четири – Мавровски работници, Липковска брана, Непроштено и Водство на ОНА, Трибуналот ги врати во Македонија, за да се процесуираат и судски завршат во Македонија.

Собранието на Македонија со гласење на пратениците од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на 24 јули 2011 година, со 62 гласа “за” го усвоија автентичното толкување на Законот за амнестија, со што хашките случаеви, а со тоа и Масакрот кај Вејце беа затворени. Меѓутоа, меѓународното право и практика не познаваат амнестија на воени злосторства, тие не застаруваат и врз нив има универзална јурисдикција. Државата може секогаш овие воени злосторства повторно да ги активира и процесуира.

Семејствата на масакрираните бранители, многу тешко и болно ја прифатија одлуката на нашите пратеници, но нема да дозволат крвавиот настан да избледи, да се ревидира, или да остане незабележан во историјата на Македонскиот народ. Масакрот во Вејце не може, ниту да се прости, ниту да се заборави.

Вечна им слава и памјат на хероите од Вејце: Роберт Петковски († 27) од скопско Бунарџик, Игор Костески († 26) од Кисела Вода, Миле Јаневски († 30) од Македонска Каменица, Бобан Трајковски († 28) од Куманово, Марјан Божиновски († 27) од битолско Горно Оризари, Илче Стојановски († 24) од битолско Породин, Бошко Најдовски († 25) од битолско Долно Оризари, и Кире Костадиновски († 24) од битолско Горно Оризари. Царство небесно каде што почиваат душите на праведниците… Амин!

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Цени на горива
Преглед на актуелните цени на горивата и енергенсите како и приказ на историското движење на цените.
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Светски ден за подигнување на свесноста за аутизмот

Завршена реконструкцијата на улицата „Атанас Ѓуров“ во Прдејци

Ѓорче Петров: Пионер во борбата за чист воздух и енергетска ефикасност

Сончево и релативно топло, кон крајот на денот со услови за дожд

Топол почеток на учебната година – Општина Крива Паланка со поддршка од 3000 денари за секое прваче

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Сончево и топло со слаб променлив ветер

Локално

9 октомври: Ликовна изложба „Сплотување“ на Р. Картова, И. Велковска и К. Ф. Стефановска

Македонија

Владата обезбедува прочистувачи на воздух за 49 општини со цел подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух

Македонија

СО ЈУГО И АЛКОХОЛ ВО КРВТА ВОЗЕЛ НИЗ НЕГОТИНО – Полицијата веднаш го уапси

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?