Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македонија

Активни пожарите на планините Серта и на Огражден, повторно во функција ер тракторите на ДЗС

13.07.2024 08:17
Сподели

Скопје, 13 јули 2024 (МИА) – Во државата се уште се активни пожарите на планината Серта во Неготинско и во Штипско и на планината Огражден близу бугарската граница. Се интервенира од земја и од воздух при што покрај ангажирањето на армиски и на хеликоптери на МВР, по неколку месеци повторно се ставени во функција и Ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување откако се надмина проблемот со пилотите.

Се уште гори на планината Серта во Неготинско, а Кризниот штаб на Општина Неготино синоќа излезе со препораки до домаќинствата во селата и во градот, задолжително да прават расчистување на тревните површини околу своите дворови, имотите и останатите подрачја.

– Апелираме до месното население за поголема ажурност , следење на упатствата и насоките од страна на МВР, да нема поголеми движења кон критичните места. Исто така, побарана е повторно до ЦУК и до  ДЗС воздухопловна поддршка за утрешниот ден, за да би можело да се изврши побрзо локализирање на пожарите, информираа синоќа од Штабот за заштита и спасување при локалната самоуправа.

Ad image

Ова општинско тело формирано откако избувна големиот пожар, синоќа одржа состанок, а членовите на штабот биле запознати со состојбите на терен од страна на претставници на ЦУК, ДЗС, МВР. Се најавува дека утрово повторно ќе се гасне од земја и од воздух.

Банер Банер BrandEcho

Двајцата пилоти на Дирекцијата за заштита и спасување ги поминале процедурите потребни пред секое полетување и авионите ер трактори се упатени кон гаснење на пожарот во Неготинско, информира вчера за МИА директорот на ДЗС Беким Максути.

Според правилата пропишани од Европската асоцијација за цивилно воздухопловство (ЕАСА), пилотите пред секој лет прават меѓусебна контрола за нивната психичка и физичка подготвеност.

Максути претходно за МИА појасни дека Дирекцијата не смее да лета со еден пилот, односно потребни се уште двајца пилоти, бидејќи, како што рече, едниот му е контролор, додека другиот ги проверува сите постапки дали се како што треба.

ДЗС вчера изуутрина, по неколкумесечната неизвесност за функционалноста на авио-одделението, потпиша договор со двајцата пензионирани пилоти на „Ер трактор“ со кој тие ќе бидат ангажирани до крајот на оваа година.

Максути не сакаше да открие за колкава плата двајцата пилоти се вратени. Во разговор за МИА минатиот месец, рече дека за враќање на двајцата обучени пилоти, ДЗС бара од Министерството за финансии плата во висина од 300.000 денари, бидејќи работното место пилот во ДЗС со плата од 72.000 денари е неатрактивно.

Од пожарите активни се уште две жаришта од големиот пожар на планината Огражден, на територијата на Општина Ново Село, на македонско-бугарската граница.

Според информацијата од Центарот за управување со кризи (ЦУК), врз пожарот се дејствува на две жаришта кои се уште се активни, а беше најавено дека по 18 часот покрај полицискиот треба да се вклучи и армиски хеликоптер.

Од МВР соопштија дека полицискиот хеликоптер кој вчера учествуваше во гаснењето на пожарот на планината Огражден, на територијата на Општина Ново Село, во 30 налети исфрлил 45 тони вода

Поради тешко пристапниот терен полицискиот хеликоптер префрли и 10 струмички пожарникари во близина на пожарот за да можат да почнат со гаснење од земја, а хеликоптерот продолжи да дејствува од воздух.

-За време на дејствувањето, хеликоптерот во 30 налети исфрли 45 тони вода и заедно со пожарникарите кои беа на терен се дејствуваше да се спречи еден од краците на пожарот да навллезе во дабова и букова шума, наведуваат од МВР.

Пожарот избувна во средата попладне на планината Огражден, над селото Бадилен во граничниот појас со Бугарија.

Според информацијата од ТППЕ Струмица, од пожарот зафатени се околу 20 хектари нискостеблеста дабова и борова шума.

Пожарот се гасне и од бугарската страна на границата и со градежна машина е направен пристапен пат за да може да се движи теренско против пожарно возило за да го гасне пожарот.

Нов пожар вчера избувна и на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце. Според информациите од градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, станува збор за пожар кој  е пријавен попладнето и не е поврзан со огнената стихија во Неготинско, а која исто така е на планината Серта, но од другата страна.

-Во моментов на терен се пожарникари, доброволци и волонтери од месното население од село Драгоево. Станува збор за пожар кој е на непристипаен терен, а во моментов на самото место се над 30 луѓе, изјави синоќа Јорданов.

Тој посочи дека ноќта ќе се дежура од страна на пожарникарите и месното население, со  цел  пожарот да не се доближе до селото Драгоево. Јорданов најави дека уште рано наутро ќе бара интервенција за гаснење на пожарот од воздух.

Сезоната на летните шумски пожари започна со порастот на температурите. Во земјава поради високи температури кои се очекува на некои места да надминат 40 степени, до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност.

Од Виолета Геров Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за пресметка на брути/нето плата и придонеси
Калкулатор за пресметка на бруто и нето плата како и придонеси од плата.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Субвенции за полагање на возачка дозвола – Општина Карпош го објави повикот

Терористичка ќелија разбиена во Скопје: оружје, пари и план за одмазда

Тепачка во Чаир: Три жени се пресметале во ходник на зграда

Инвестиции во основното образование во Битола

ИЗМАМЕН ВИНИЧАНЕЦ Остана без 4.000 евра за автомобил

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Снег, дожд и сонце во еден ден – еве какво време нè очекува денес

Локално

Дел од Аеродром без вода поради дефект на булевар „Јане Сандански“

Хроника

Бившиот партнер ја нападна и ограби на работното место

Хроника

Потешка квалификација против четворица осомничени за експлозијата на бомба во Битола

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?