Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Бизнис и Економија

ЕЦБ предупредува за ризиците по финансиската стабилност во еврозоната

23.05.2025 00:51
Сподели

Франкфурт, 21 мај 2025 (МИА) – Царинските спорови и нарушените односи во меѓународните сојузи би можеле, според Европската централна банка (ЕЦБ), да претставуваат ризик за финансиската стабилност во еврозоната.

-Сè поизразените несогласувања околу трговскиот план и поврзаните ризици за економскиот раст влијаат врз изгледите за финансиска стабилност, изјави денеска потпретседателот на ЕЦБ, Луис де Гиндос, сумирајќи ги наодите од полугодишниот извештај на централната банка за финансиската стабилност.

Ризикот од економски пад е зголемен, при што особено берзите и натаму „остануваат чувствителни на ненадејни и остри прилагодувања“, посебно ако се има предвид  променливата трговска политика на американскиот претседател Доналд Трамп, забележа Централната банка на еврозоната.

Банер Банер BrandEcho

„Од претседателските избори во САД во 2024 година, неизвесноста дополнително се зголеми бидејќи новата американска Влада го промени правецот во неколку области на политиката“, се наведува во полугодишниот извештај за финансиска стабилност.

Трговските ограничувања и зголемувањето на царините веројатно ќе дејствуваат како товар, првенствено за извозно ориентираните компании во Европа. Доколку ова доведе до отпуштања, ЕЦБ верува дека ризикот би можел да се зголеми за банките во еврозоната, како и за компаниите што нудат финансиски услуги, но немаат банкарска лиценца, бидејќи заемопримачите би можеле да имаат проблеми со отплатата на долговите.

Мноштвото милијарди што Европа планира да ги инвестира во својата одбрана, исто така, не се без ризици, сметаат во Централната банка на Еврозоната.

И додека ваквите инвестиции имаат потенцијал да го поттикнат економскиот раст, повисоките трошоци за одбрана, заедно со други структурни предизвици како што се климатските промени, дигитализацијата и стареењето на населението, „би можеле дополнително да ја влошат веќе затегнатата фискална состојба на некои влади од еврозоната“, предупреди ЕЦБ.

Од Сашко Димевски Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за ризик од прегорување
Колку си под ризик од прегорување (burnout)?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Трамп повикува на драстични тарифни мерки против Кина и Индија

Кинеска компанија воведува нова рута до Европа преку Арктикот

Европската комисија предупреди на загрижувачката економска ситуација во Германија

SAP се повлекува: Како нестабилноста на пазарот влијае на облачните амбиции?

ИНСТАТ: Секој петти албански граѓанин живее на работ на сиромаштија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Златото: Инвестицијата на иднината за 2026 година

Бизнис и Економија

OpenAI и Amazon: Револуција во облачните услуги вредна 38 милијарди долари

Бизнис и Економија

Холандската Влада забележа дефицит од две милијарди евра во првите девет месеци од 2024 година

Трајановски: Се надевам дека пред Нова година ќе ги внесеме на терен „Бехтел и Енка“

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?