Рано утринава на граничниот премин Деве Баир бил приведен турски државјанин откако полицијата открила фалсификувана документација за осигурување на полуприколка.
Според информациите од МВР, станува збор за 55-годишниот З.А., кој управувал товарно моторно возило „даф“ со турски национални ознаки и се обидел да влезе во државата. При редовната гранична контрола, тој на увид доставил меѓународна зелена карта за осигурување, но по извршената проверка било констатирано дека документот е лажен.
Возачот веднаш бил лишен од слобода, по што бил предаден на полициските службеници од Полициската станица Крива Паланка, каде што се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Надлежните најавуваат соодветна постапка по документирање на настанот.


