Geely EX5 го руши стереотипот за кинески квалитет

Кина одамна не е тоа што беше, а кинеските автомобили се вистински доказ за тоа. Ултра напредна технологија, одлично возно чувство и пред се’ висока безбедност. За ова последното вистински доказ се краш тестовите кои ги спроведува Euro NCAP.

А на нив Geely EX5 освои максимални пет од пет ѕвезди и тоа при построги тестови кои од минатата година беа воведени.

Најдобар скор оствари во однос на безбедноста на децата односно патниците на задната клупа. По овој параметар освои 87% или само 1% повеќе од безбедноста на возачот односно патниците на предната клупа. Идентични 83% оствари во однос на безбедноста на патниците и безбедносната асистенција на возачот.

Целосниот краш тест можете да го погледнете во продолжение.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава