Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Локално

Крива Паланка и Кратово – нова културна област на европската туристичка мапа

29.01.2026 08:33
Сподели

Крива Паланка и Кратово претставуваат две комплементарни културно-историски целини во североисточниот дел на Северна Македонија, со исклучително значајно материјално и нематеријално културно наследство од преродбенскиот период. Овие потенцијали со својата уникатна комбинација на локални традиции и европски влијанија, имаат огромни можности да се трансформираат во атрактивен културно-туристички производ.

Ова е еден од клучните заклучоци од спроведената Интердисциплинарна дијахронична анализа во рамки на проектот „КУЛТУРНА ОБЛАСТ – Заедница за културно наследство и атрактивен туризам во сите сезони“ од ИНТЕРРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Северна Македонија, кој го реализираат културни институции од Ќустендил, Дупница, Крива Паланка и Кратово.

Анализата покажува дека во текот на 19 век, под влијание на економскиот развој, рударството, занаетчиството и трговските врски со Балканот и Централна Европа, Крива Паланка и Кратово се развиваат како значајни урбани и духовни центри, со препознатлива архитектура и културен идентитет. Посебен фокус е ставен на истражувањето на европските влијанија врз балканските традиции во XIX век, што му дава уникатен печат на овој регион.

Банер Банер BrandEcho

„Оваа анализа претставува прв систематизиран труд за клучните преродбенски градби, кој ги обединува истражувањата за профаната и сакрална архитектура, но и традиционалните занаети, обичаите и усмените приказни на Крива Паланка и Кратово. Материјалното и нематеријално културно наследство не е само минато, туку жива вредност што ни овозможува развој, соработка и нови можности за заедниците од двете страни на границата. Целта е да создадеме единствена „културна област“ и атрактивна интегрирана прекугранична рута која ќе ги привлекува туристите во текот на целата година, а не само сезонски“, вели Драган Величковски, директор на ЛУ Градски музеј Крива Паланка, еден од партнерите во проектот.

Според истражувањето, Кратово се издвојува како еден од најстарите рударски и занаетчиски центри на Балканот, со изразена урбана физиономија, камени мостови, кули и градска архитектура што ги комбинира локалните традиции со европски архитектонски влијанија. Неговото културно наследство сведочи за континуиран урбан развој и силна економска основа, што го позиционира како историски град со висок потенцијал за културен и тематски туризам.

Крива Паланка, од друга страна, го отсликува духовниот и културниот подем на Осоговието, со доминантна улога на сакралната архитектура и староградските куќи од преродбенскиот период. Манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“,црквите, како и бројните староградски куќи, сведочат за процесите на национално будење, просветителство и културна еманципација.

„Особено значајно е што анализата предвидува современа валоризација преку интерпретативни, интерактивни и дигитални форми на презентација, со цел културното наследство да добие нова едукативна и наративна функција во рамките на европскиот културен простор“, потенцира Величковски.

Во рамките на проектот спроведено е и мапирање и евидентирање на туристичките потенцијали, кои ќе ги обединат локалните угостители и туристички оператори под еден препознатлив бренд. Со овој пристап, Крива Паланка и Кратово се позиционираат како дестинации со јасна визија, подготвени да понудат автентично искуство базирано на професионален маркетинг пристап. Во претстојниот период се очекува и официјалното усвојување на заедничкиот културен календар и систематизацијата на целокупната културна понуда на традиции и настани во прекуграничниот регион.

Проектот „КУЛТУРНА ОБЛАСТ – Заедница за културно наследство и атрактивен туризам во сите сезони“ го преводи Регионалниот историски музеј од Ќустендил, а партнери се Историскиот музеј од Дупница, ЛУ Градски музеј од Крива Паланка и Здружението Пеонија од Кратово. Целта е преку дигитализација, иновации и заеднички културни активности да се зголеми видливоста и искористеноста на културното наследство за развој на одржливиот туризам.

Извор:www.krivapalanka.gov.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за ризик од прегорување
Колку си под ризик од прегорување (burnout)?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Гошо Викентиев: Патрониот празник во чест на наследството и успехот

Планирани исклучувања на струјата: Карпош, Чаир, Аеродром и уште неколку места без електрична енергија

Тридневна жалост во Македонска Каменица по смртта на Симона Каранфиловска

Хуманост на дело: Признанија за најуспешните крводарители од Карпош

Лисица сликана во Козле – дивечот од Водно се почесто се симнува во населените места

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Започнаа подготовките за промената на режимот на сообраќај во централното градско подрачје на Кочани

Локално

Двајца возачи приведени по сообраќајни несреќи во Македонска Каменица и Берово

Локално

Трка во чест на Иле – возачот на Брза помош, кој возеше 11 пати од Кочани за Скопје на денот на трагедијата во „Пулс“

Локално

Прекин на струја денеска во делови од Ѓорче Петров и Карпош

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?