Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Кривична за двајца функционери – сомнежи за злоупотреби

07.04.2026 06:34
ФОТО: Македонија Денес / makedonijadenes.mk
Сподели

Основното јавно обвинителство во Кичево доби кривична пријава против две лица од Кичево, поради сомневање за злоупотреби поврзани со проект за јавно-приватно партнерство за улично осветлување.

Станува збор за Ф.Д. (51), кој во својство на градоначалник на Општина Кичево се товари за продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба“, како и за Б.К. (46), раководител на сектор во општината, кој се сомничи за „несовесно работење во службата“.

Според истрагата, во периодот од април 2021 до ноември 2025 година, првопријавениот, како службено и одговорно лице, при подготовката и спроведувањето на договорот за модернизација на уличното осветлување, прекршил одредби од Законот за концесии и јавно-приватно партнерство, како и од Законот за јавни набавки.

Банер Банер BrandEcho

Се сомничи дека договорот, склучен во ноември 2021 година со конзорциум од три приватни компании, бил доделен на блиски лица со намера за стекнување противправна имотна корист од големи размери.

Со овие дејствија, според пријавата, на буџетот на Општина Кичево му била нанесена штета од околу 1,62 милиони евра, односно над 99 милиони денари, што претставува износ на исплатените ануитети кон приватниот конзорциум.

Ad image

Второпријавениот, како раководител на сектор за финансии и претседател на комисијата за спроведување на постапката, се сомничи дека не извршил соодветен надзор и несовесно постапувал во извршувањето на своите службени должности, со што овозможил нанесување на штета на општинскиот буџет.

Надлежните институции продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Спортски типови
Предлог викенд типови.
Спорт
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Идната недела портокалово ниво за опасност од високи температури

Трагична смрт на унгарски државјанин во Скопје

ПРОМОВИРАНИ ПЛИВАЧИТЕ НА 38.ОХРИДСКИ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН

Фрлена експлозивна направа на улица „Козара“, настанал пожар

Општина Делчево: Објавени конкурсите за општински стипендии на талентирани ученици

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македонија

„Каде брзаш? Не брзај за да стигнеш!“

Локално

Двонасочен сообраќај на ул. „Маршал Тито“: Подгответе се за промени!

Македонија

Сончево и топло со умерен до засилен северен ветер

Македонија

Штип: Основните училишта ќе формираат паралелки со намален број на ученици

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?