Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македонија

На петте најдобри студенти кои завршиле медицина ќе им биде дадена шанса веднаш да се вработат во здравството

12.07.2024 13:20
Сподели

Скопје, 12 јули 2024 (МИА) – На петте најдобри студенти кои ќе завршат медицина ќе им биде дадена шанса веднаш да се вработат во здравството кај нас. Новина е и што на Медицински факултет е акредитирана програма на англиски јазик и ќе се започне со запишување на странски студенти, информираа денеска министерот за здравство Арбен Таравари и деканот на Медицинскиот факултет Светозар Антовиќ.

– Петте најдобри студенти кои завршиле медицина во Скопје, во Штип и во Битола, ќе им дадеме шанса веднаш да се вработат, пред ова да влезе во закон. Се надевам наскоро ќе биде и дел од законот. Оваа година почнуваме со пет, идната година, се надевам, по 10 студенти од сите медицински факултети, изјави Таравари по средбата.

Најави и средба со приватните специјализанти, информирајќи дека приватните специјализации  ќе се намалат за 50 отсто оваа година и приоритет ќе им се даде на специјализациите што недостасуваат.

Ad image

– Пред сѐ, зборувавме за рационализација на специјализанти и специјалисти. Во државава има одредени специјалисти што се многу на број, а има такви кои се многу дефицитарни. Оваа година можеби ќе направиме мораториум на одредени специјализации, рече Таравари.

Банер Банер BrandEcho

Предност ќе им се даде на патологија, онкологија, радиологија и анестезиологија, каде има недостиг.

– Покрај рационализацијата на специјализациите, ќе направиме и промена на законот, како се финансираат, за Медицинскиот факултет да не трпи штета. Особено ми е драго дека со заеднички напори конечно петте најдобри студенти ќе ги задржуваме во државата, нагласи деканот Антовиќ.

Додаде дека интересот за студирање на Медицинскиот факултет во Скопје е огромен.

– Медицинскиот факултет е сѐ уште еден од факултетите каде сите квоти ги запишува во првиот уписен рок. Пред неколку дена е објавен конкурсот од страна на Универзитетот. Оваа година само за општа медицина ќе запишеме 200 студенти. Тоа што е новина е дека конечно ја акредитиравме програмата на англиски јазик. Ќе започнеме и со запишување на странски студенти кои ќе студираат на англиски јазик. Бројката за нив е исто така 200. Очекувам дека барем со педесетина ќе почнеме оваа година, изјави Антовиќ.

За големиот одлив на кадар, Антовиќ рече дека тоа е глобален проблем.

– Тоа е европски миграционен проблем. Кога ќе ја погледнете Германија, сигурно не е неразвиена земја. Меѓутоа, од Германија сите доктори, горе – долу, бараат работа во земји што се поразвиени од неа. Со тој проблем тешко ќе се справиме, особено откако се либерализираат политикиве на странските земји за примање на нашите доктори, но, ние треба да работиме локално, да ги подобриме условите, пред сѐ за вработување на дипломираните студенти. Ние немаме проблем со студентите, не ни заминуваат студентите, ни заминуваат дипломираните доктори. Медицинскиот факултет има мали ингеренции за вработување на тие доктори, но, мислам дека заедно со Министерството за здравство сериозно ќе работиме на тие програми, подвлече Антовиќ.

Наскоро се очекува да се најде решение и за читалната која треба да биде на местото на модуларната болница в близина на Инфективната клиника.

– Се надевам наскоро ќе најдеме решение со Министерството за локална самоуправа да се тргне модуланата болница и таму да се направи читална. Да има предавални или амфитеатар. Да го подготвиме проектот, рече Таравари.

Од Блаже Дарудов/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонска музика
Македонски песни
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Општина Делчево: Локален базар на стари занаети и ракотворби

Тешка семејна расправија: Жена со 2,6 промили алкохол го нападнала сопругот

Д-р Адријана Илиевска-Велковски е заменичка-градоначалник на Општина Делчево

Општина Кочани: Повик за здруженија за дообразување на возрасни без основно образование

Семејно насилство во Делчево: сопруг со закани и физички напад

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Честит 8-ми Септември-Денот кога македонскиот народ го избра патот на независноста, кој продолжуваме да го градиме со визија, развој и достоинство

Локално

Нова училишна зграда за идните генерации: Премиерот Мицкоски и градоначалникот Георгиевски на увид во изградбата

Македонија

Објавен Конкурсот за упис на студенти на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

Македонија

Кој ги доби најголемите тендери во Македонија – 50 милиони евра за само десет дена!

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?