Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македонија

Нема да има исклучување на струја поради сиромаштија – новиот Предлог-закон за енергетика обезбедува заштита за ранливите

25.04.2025 17:52
ФОТО: Македонија Денес / makedonijadenes.mk
Сподели

Никој нема да остане без електрична енергија поради финансиски причини – ова е едно од клучните ветувања на новиот Предлог-закон за енергетика кој моментално е пред пратениците. Законот предвидува целосна заштита за ранливите категории граѓани преку пониски цени, државни субвенции и законска забрана за исклучување од електрична мрежа.

Според надлежното министерство, веќе се идентификувани над 50.000 домаќинства кои имаат право на оваа поддршка. Се работи и на методологија за поефикасна и правична идентификација на сите социјално ранливи потрошувачи.

И покрај тоа што некои од овие домаќинства се соочуваат со тешка материјална состојба, нивната потрошувачка на струја е толку висока што влегуваат во најскапиот – четврти блок на тарифа. Со новиот закон, ваквите апсурди ќе се адресираат.

Банер Банер BrandEcho

Една од предвидените мерки е воведување на паметни броила за далечинско отчитување на потрошувачката – процес што ќе трае седум години. Министерката изрази надеж дека финансискиот товар за оваа дигитална транзиција ќе го преземе Владата.

Сепак, првите три месеци од годината биле обележани со 35% пад во домашното производство на струја, што може да влијае на цената на електричната енергија од 1 јули – одлука што ќе се донесе по дополнителни анализи.

Предлог-законот го гарантира државното сопствеништво на МЕПСО, која останува со законска заштита од приватизација. Исто така, се отвора можност граѓаните да формираат локални енергетски заедници преку кои ќе можат самостојно да произведуваат и продаваат струја.

Секој потрошувач ќе може да го смени снабдувачот со струја за само 48 часа, без административни бариери и без дополнителни трошоци.

Законот воведува и нова регулатива за складирање на енергија, што ќе овозможи користење на соларната енергија и ноќе. Промените имаат за цел либерализација на пазарот, поттикнување на нови инвестиции и создавање на стабилен и модерен енергетски систем, усогласен со европските стандарди.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за тоа колку време губиш во сообраќај
Колку време губиш во сообраќај?
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Велешка голгота: Жена живеела под постојан страв и насилство од поранешниот партнер

Крива Паланка воведе субвенции за средношколците од прва година и за млади невработени лица

Сообраќајна офанзива на МВР: одземени возила и кривични пријави

Приведен велешанец, управувал возило под дејство на алкохол и физички нападнал полициски службеник

Менаџер од Чаир осомничен за проневера на речиси 2,8 милиони денари

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Делови од Илинден и Кисела Вода денеска без електрична енергија

Локално

,,Тумбсток 2025” – хип хоп музичка вечер

Локално

Општина Илинден ќе го одбележи патрониот празник „Илинден“

Македонија

Родителите од Шкупи тврдат дека реагирале за да ги заштитат своите деца во Штип

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?