Виена, 26 мај 2025 (МИА) – Осумте членки на Организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК плус, кои ветија дополнително доброволно намалување на производството на нафта, ќе се состанат на 31 мај, еден ден порано од претходно планираното.
На состанокот веројатно ќе се одлучи за трето последователно зголемување на производството на нафта во јули, што требаше да доведе до зголемување од уште 411.000 барели дневно, јавија британски медиуми.
Тоа зголемување би било трипати повеќе од првично планираното, за кое потоа требаше конечно да се одлучи на 1 јуни.
Од Златко Шумковски Извор МИА