СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против 41-годишен струмичанец, осомничен за кривично дело „проневера во службата“.
Според информациите од полицијата, пријавениот, кој ја извршувал функцијата претседател на ловечко друштво, во текот на 2024 и 2025 година во повеќе наврати подигал пари од трансакциската сметка на здружението, на која бил овластен потписник.
Се сомничи дека средствата ги присвоил за лични потреби, без соодветна оправданост или сметководствено покритие.
Со ваквите постапки, како што наведуваат од МВР, тој си прибавил противправна имотна корист во износ од 1.326.787 денари, со што директно го оштетил ловечкото друштво.
Против него е поднесена соодветна кривична пријава, а случајот ќе го разгледува надлежното обвинителство.


