Се одржа шестата седница на Совет на Општина Куманово

На шестата седница на Советот на Општина Куманово беа усвоени следниве одлуки, значајни за граѓаните:

– Едногласно изгласани препораки до Управата за јавни приходи во врска со постапувањето при утврдување на даночни обврски за граѓани ангажирани во високоризични и воени зони (Ирак и Авганистан);

– Усвоен годишен извештај и Програма за работа на ТППЕ Куманово;

– Усвоен извештај за стекнати и распределени средства во 2025 година на ОСТУ„Наце Буѓони“ – Куманово;

– Дадено позитивно мислење на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Кочо Рацин“ – Куманово;

– Усвоен и пофален извештај за работа на Општински совет за превенција на детско престапништво за 2025 година;

– Усвоен извештај и изгласана Програма на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР;

– Усвоен квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за IV квартал од 2025 година и буџетски календар за 2026 година;

– Усвоена измена на Програмата за културни манифестации на Општина Куманово за 2026 година;

– Усвоена Одлука за изменување на Одлука за утврдување на цените на услугите што ги дава ЈОУДГ „Ангел Шајче“- Куманово и износот на надоместокот на трошоците за престој во установата што паѓа на товар на родителите;

– Именувани членови на:

Управниот одбор на ЈОУДГ „Ангел Шајче”- Куманово

Училишниот одбор во СОУ Гимназија „Гоце Делчев” – Куманово;

Училишниот одбор во ОСТУ „Наце Буѓони” – Куманово;

Училишниот одбор во СОУ „Перо Наков” – Куманово;

Управен одбор во ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ” – Куманово;

– Формирана комисија за односи меѓу заедниците на Совет на Општина Куманово;

– Поништен Јавен оглас за членови на УО и НО во јавните претпријатија поради целосна некомплетираност;

– Дадена информација за функционирање на општинскиот веб – сајт;

– Дадена информација за вертикална сигнализација.

Извор:kumanovo.gov.mk

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава