Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат повеќе населени места и улици низ државата, додека во дел од струмичко станува збор за непланиран прекин.
Во Скопје, на 3 март без струја ќе бидат корисниците од улицата „Јан Хус“ бр. 11А во општина Карпош во периодот од 09:00 до 15:30 часот.
Во Прилеп, од 08:00 до 16:00 часот без напојување ќе биде дел од улицата „Александар Македонски“ кај фабриката „Марфил“, додека од 09:00 до 15:00 часот струја нема да има во селата Витолиште, Бешиште, Дуње, Чаниште, Крушевица, Градешница, Будимирци, Зовиќ и Старавина, како и кај манастирот „Св. Пантелејмон“.
Без електрична енергија од 11:00 до 16:00 часот ќе остане и дел од селото Новак. Во истиот ден, од 10:15 до 13:30 часот прекин ќе има во Смоквица – каменоломот Прдејци, бензинската пумпа, селото Смоквица, Ботаник, репетиторот, пумпите и селото Милетково.
Во струмичко, поради непланиран прекин, без струја се корисниците во Смиљанци и Шипковица.
Во селото Дабиле, како и во фабриката „Тргопродукт“, прекинот ќе трае од 11:00 до 14:00 часот.
Планирани прекини од 08:40 до 15:00 часот ќе има и во селата Шопско Рударе, Тополовиќ (Мала Качарци), Димонце, Вакв, Татомир, Секулица, Живалево, Железница, Коњух, Филиповци и Туралево.
Во Кратово, без струја од 08:40 до 11:30 часот ќе бидат улиците „Глигор Прличев“ и „Вера Јоциќ“, а до 14:00 часот селата Којково, Емирица, Кнежево, Горно Кратово, Врбица, Каврак и Куново.
Во Куманово прекин ќе има на улиците „Б.Б. Гуцман“, „Горно Милановачка“ и „Вараждинска“ од 08:30 до 13:30 часот, како и на дел од улиците „Шар Планинска“ и „Карл Маркс“ кај Орта Бунар од 09:00 до 12:00 часот.
Во полошкиот регион од 08:45 до 11:15 часот без струја ќе останат Селце Кеч, Новаќе, Урвич, Боговиње, Голема Речица, Долно Палчиште, Камењане, дел од Мала Речица, Ново Село, Раковец и Јеловјане, додека во Жеровјане прекинот ќе биде од 09:00 до 12:00 часот.
Во Тетово, од 09:00 до 14:00 часот без напојување ќе биде дел од улицата „Радован Цониќ“ кај судот, а од 11:00 до 12:00 часот дел од улицата „Љубо Божиновски Пиш“ кај потрошувачот „Металекс“.
Од електродистрибуцијата апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности додека траат зафатите на мрежата.
Планирани прекини на електрична енергија (денес)
Извор: Електродистрибуција| Вид на прекин | Нас.место | Локација | Почеток | Крај | Напон |
|---|---|---|---|---|---|
| Планиран прекин | КРИВОГАШТАНИ-БЕЛА ЦРКВА (КРИВОГАШТАНИ) | ПАШИНО РУВЦИ, ОБРШАНИ, КРУШЕАНИ, БОРОТИНО, МАНАСТИР СВ ЃОРЃИЈА | 12.10.2026 09:00 | 12.10.2026 14:30 | 10 kV |
