Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Стојаноски: Од септември линеарно зголемување на пензиите за 2 500 денари, во март за уште толку
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Стојаноски: Од септември линеарно зголемување на пензиите за 2 500 денари, во март за уште толку
Бизнис и Економија

Стојаноски: Од септември линеарно зголемување на пензиите за 2 500 денари, во март за уште толку

12.08.2024
Share
SHARE

Скопје, 12 август 2024 (МИА) – Со ребалансот на Буџетот за 2024 година се обезбедуваат пет милијарди денари за пензиите или 2 500 денари плус за 300 000 пензионери. Од септември, сите пензионери линеарно ќе добијат по 2 500 денари и тоа нема да биде еднократна помош, туку системско решение со кое, вклучувајќи го покачувањето од дополнителните 2 500 денари во март догодина, секој пензионер ќе добие 5 000 денари, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

Во текот на собраниската расправа, Стојаноски, кој подетално се осврна на проекциите, најави дека веќе се подготвува новиот буџет за 2025 година што ќе покаже однесување на сосема нова политичка елита чиј приоритет се граѓаните и стопанството.

-Овој ребаланс е доказ за катаклимизмичкото однесување на претходната влада и за епското крадење од народот. Со него само се обидуваме да ги прераспределиме слабо или нереализираните средства, да го дочекаме крајот на годината во што понормална состојба. Се подготвува нов буџет за 2025 година во кој ќе бидат внесени сите владини приоритети, а во фокусот ќе бидат народот и стопанството. Ќе го покажеме зенитот на однесување на новата политичка елита на која граѓаните и развојот на стопанството и се на прво место. Притоа, средствата ќе бидат наменети, пред се, за капитални инвестиции, истакна Стојаноски.

Ad image

Тој потсети дека со ребалансот се предвидени и 100 милиони евра за општините, една милијарда денари за исплата во зоните, 322 милиона за ДИК, односно за исплата на одборите и медиумите, 644 милиони за студентски оброк и стипендии, 5,1 милијарда денаари за кредитни обврски на неколку претрпијатија, 600 милиони за исплата по судски решенија, 1,7 милијарди за субвенции, 550 милиони за ваучери за спорт,…

-Во Буџетот не биле вкалкулирани средства за плати на многу институции, ниту била до крај предвидена сумата за исплата на пензии, потенцира Стојаноски спортед кој новата Владата до крајот на годината планира да собере дополнителни 130 милиони по основа на приходи.

За збор се јави и Малиша Станковиќ кој укажа дека Буџетот и ребалансот треба да се разграничат. Тој воедно ги повика сите пратеници да гласаат за ребалансот.

-Не може од ребалансот да очекуваме чуда. Ова е осми месец во кој 71 процент од Буџетот се веќе истрошени. Ние сега само се прилагодуваме на состојбата за до крајот на годината да испливаме од сегашното сценарио. Во овој ребаланс не постои ниту една ставка која значи расипничко трошење, рече Станковиќ кој, како што напомена, иако знаел дека Буџетот е лош, не очекувал „дупка“ од 40 милијарди денари.

Прв за збор во општата расправа се јави пратеникот Димитар Ковачевски од СДСМ кој кажа дека неговата партија и коалицијата нема да о поддржат ребалансот.

Претходно, експозе имаше министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Пратениците се моментно на пауза, а, како што рече претседателот на Собрабнието Африм Гаши, седницата ќе продолжи и по 18.00 часот.

Од Мирјана Чакарова/МИА

You Might Also Like

Чешкиот милијардер Кретенски ја купи британската пошта

Малезија: Санкции за БРИКС од страна на САД би го загрозиле глобалното снабдување со полупроводници

Европската комисија предупреди на загрижувачката економска ситуација во Германија

КаСис овозможува безбедни плаќања со виртуелни картички

Еврото со рекордно најниска вредност во однос на албанскиот лек

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?