Светскиот Македонски Конгрес повика на итен прекин на воените операции во Иран

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изрази сериозна загриженост поради најновите напади на САД и Израел врз Иран и побара итно запирање на воените дејствија со цел да се спречи натамошна ескалација на состојбата на Блискиот Исток.

Во соопштението испратено од Техеран, СМК нагласува дека е неопходно почитување на националниот суверенитет и територијалниот интегритет на Иран, но и на сите држави во регионот.

„Потребен е дијалог наместо војна за да се обезбеди траен мир и добрососедство меѓу земјите на Блискиот Исток“, се наведува во реакцијата.

Од Конгресот потенцираат дека народите во регионот заслужуваат стабилност, безбедност и економски развој, наместо нови конфликти и неизвесност.

Со оваа порака СМК апелира до меѓународната заедница да вложи напори за дипломатско решение и намалување на тензиите.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава