Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македонија

Светскиот македонски конгрес: Зебрњак е симбол на српската окупација, а не на ослободувањето на Македонија

28.10.2025 21:36
Сподели

Светскиот македонски конгрес (СМК) со остра реакција по повод одбележувањето на 113-годишнината од битката кај Зебрњак, ја оцени оваа прослава како „чествување на почетокот на српската окупација врз македонскиот народ и Македонија“.

Во своето соопштение, СМК нагласува дека Балканските војни од 1912–1913 година не претставуваат ослободување, туку напротив — окупација и поделба на Македонија меѓу соседните држави Србија, Грција, Бугарија и Албанија.

„Балканските војни за Македонскиот народ и Македонија се окупаторски. Земјите учеснички во нив се окупатори, независно од актуелната геополитика и добрососедските односи“, се наведува во реакцијата на организацијата.

СМК потсетува дека македонскиот народ бил насилно мобилизиран во сите армии — српска, бугарска и грчка — од окупираните делови на Македонија, а со самите војни бил извршен „геноцид врз македонскиот народ“.

Банер Банер BrandEcho

Организацијата потсетува и на поделбата на Македонија со Букурешкиот договор од 1913 година, при што, како што наведува,

  • Грција добила 34.356 км²,

  • Србија 25.342 км²,

  • Бугарија 6.798 км²,

  • а Албанија 1.115 км².

„Со Првата балканска војна не започнува ослободувањето на Македонија, туку нејзината окупација“, се вели во соопштението.

СМК потсетува и дека Србија во 1990 година насилно го забранила македонското чествување на Првото заседание на АСНОМ во манастирот „Свети Отец Прохор Пчињски“, кој, како што нагласуваат, бил „еднострано анектиран од Белград во 1947 година, заедно со областа Гора, Прешево, Бујановец, Медвеѓе и дел од Крива Паланка“.

Организацијата повторува дека, според нејзиниот став, Македонија никогаш не била ослободена од Албанија, Бугарија, Грција и Србија, туку „ослободувањето е дело на македонскиот народ во Втората светска војна, и тоа само во Вардарскиот дел на Македонија“.

На крајот од реакцијата, СМК апелира до Владата на Република Македонија да воспостави јасна политика во однос на чествувањето на настани и личности од историјата на соседните држави.

„Македонската влада треба соодветно да го уреди чествувањето на датуми, настани и личности од соседните држави и народи на територијата на Македонија, кои за македонскиот народ се окупатори, односно окупаторски“, стои во соопштението на Светскиот македонски конгрес.

Со оваа реакција, СМК уште еднаш го потврди својот критички став кон историските наративи на соседите, нагласувајќи дека историјата на Македонија мора да се толкува низ призмата на македонската перспектива и страдање, а не на окупаторските интереси.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за тоа колку време губиш во сообраќај
Колку време губиш во сообраќај?
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

СДСМ објави нови кандидати за градоначалници во Македонија

Зголемена фреквенција на возила на Табановце за влез и Богородица за излез од државата без подолги задржувања

До среда променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален дожд

Дрво падна врз дете во Карпош

Дрога скриена во шлепувано возило: тројца скопјани под истрага

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македонија

ИЈЗ: Препораки за разладување на внатрешни простории при високи температури

Македонија

Макпрогрес Винчини: 500 вработени и над 35 милиони евра приход

Локално

,,Тумбсток 2025” – хип хоп музичка вечер

МакедонијаХроника

Престрелка на Бит Пазар – едно лице повредено, оштетени дуќани и возила

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?