Според официјалните податоци, во февруари 2026 година во Северна Македонија се регистрирани вкупно 488 нови лесни возила, од кои 400 патнички автомобили и 88 лесни комерцијални возила.
Со тоа, вкупниот број на новорегистрирани лесни возила од почетокот на 2026 година достигна 939 единици, при што 764 се патнички автомобили, а 175 лесни комерцијални возила.
Кај патничките автомобили, според објавените бројки, најзастапени брендови во февруари биле Toyota, Škoda и Peugeot, а значително присуство имаат и Kia, Suzuki, Hyundai, Mazda, Citroën, Volkswagen и Dongfeng.
Во сегментот на лесни комерцијални возила, најмногу регистрации во февруари има Renault со 27 возила, пред Iveco со 12 и Peugeot со 10. Следуваат Opel, Citroën и Fiat.
Кога станува збор за вкупниот пласман од почетокот на годината, лидер на македонскиот пазар е Toyota со 97 регистрирани возила, пред Škoda со 94 и Peugeot со 78. Во топ 10 се и Citroën, Kia, Renault, Volkswagen, Suzuki, Fiat и Hyundai.
Податоците покажуваат дека автомобилскиот пазар во земјава и натаму се движи во насока на поголема конкуренција меѓу брендовите, со неколку производители кои веќе на стартот на годината водат тесна битка за врвот.
Најпродавани брендови во февруари кај патничките автомобили:
- Peugeot – 47
- Toyota – 37
- Škoda – 58
- Toyota – 56
- Kia – 27
- Suzuki – 26
- Hyundai – 25
- Mazda – 22
- Citroën – 18
- Peugeot – 17
- Volkswagen – 16
- Dongfeng – 14
Најпродавани брендови од почетокот на 2026 година:
- Toyota – 97
- Škoda – 94
- Peugeot – 78
- Citroën – 71
- Kia – 61
- Renault – 52
- Volkswagen – 50
- Suzuki – 45
- Fiat – 41
- Hyundai – 41



