Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Бизнис и Економија

Турски бизнисмени заинтересирани за инвестирање во Северна Македонија, неопходно поврзување на малите и средните фирми од двете земји

27.09.2024 20:55
Сподели

Скопје, 27 септември 2024 (МИА) – Турски бизнисмени се заинтересирани за инвестирање во Северна Македонија. Економската соработка меѓу двете земји е добра, но капацитетот не е доволно искористен. Мора да се работи на поврзување меѓу малите и средните фирми во речиси сите сектори, порачаа учесниците на денешниот Македонско – турски инвестициски и трговски форум што се одржува на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје.

Како што беше истакнато, вкупните турски инвестиции во Република Северна Македонија изнесуваат околу две милијарди евра. Турските инвеститори сочинуваат 38 отсто од вкупните странски инвестиции во земјава. Турција е наш петти партнер според инвестициите и седми во однос на трговијата.

-Нашата стратегија е да постигнеме подобар економски развој не само на Република Северна Македонија, туку и на целиот регион. Токму затоа е иницирана и оваа наша заедничка средба која треба да ги отвори можностите за градење на стабилни деловни односи и да обезбеди посилен и просперитетен развој меѓу РС Македонија, Република Туркије и регионот. Со добар план и програма очекуваме да ги искористиме сите потенцијали на нашите земји и заеднички да постигнеме зголемени инвестиции, зголемена трговска размена и поголем економски раст меѓу РС Македонија, Република Туркије и регионот, рече Имер Селмани од МАТТО.

Банер Банер BrandEcho

Според Аркан Керим од Сојузот на стопански комори на Македонија, Турција е одлична можност и голем потенцијал за пласман на македонските производи.

-Треба да го смениме начинот на соработка. Турските компании кога доаѓаат тука не се среќаваат со тие што треба, туку само со една институција, МАТТО. Но, тоа не е доволно зашто имаме голем потенцијал, мали и средни претријатија од труско говорно подрачје, посебно од Гостиварско, Дебар, Тетово, Скопје,… кои може да направат одлична соработка со партнери фирми од Турција. Ние треба нив да ги споиме. На малите и средните фирми им треба сигурен пласман, им треба некој што ќе инвестира во нивните погони или некој со кој ќе направат заеднички пласман на трети пазари, објасни Керим.

Соработката, беше напоменато на форумот, оди во нагорна линија. Има честа соработка меѓу македонските и турските фирми не само во рамки во регионалните иницијативи, туку и во европските, па и во Светската стопанска комора.

-Соработуваме во многу сектори, текстилот, прехранбената и металната индустрија, туризмот,… Има голем потенцијал, но не е доволно искористен. Ние ги знаеме само туристичките точки или Истанбул како врата на Турција, но оваа земја има многу голема понуда и огромни стопански можности. Турција се граничи со земји како Иран, Ирак, треба да размислиме дали преку одредени контакти што ги имаме во Турција можеме заеднички да настапиме и во тие земји, подвлече претседателот на ССК, Трајан Ангеловски.

На форумот учествуваат околу 35 турски мали и средни фирми, а освен стопанственици, присуствуваат и политички претставници од двете земји.

Од Мирјана Чакарова/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за регистрација
Калкулатор за регистрација на возило
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

КаСис овозможува безбедни плаќања со виртуелни картички

Шокантен пад на акциите на Ferrari: Што значи ова за иднината на компанијата?

Новиот руски авион Tu-214 доби зелено светло за масовна продукција

Извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ достигнаа рекордни нивоа

Цените на нафтата го достигнаа највисокото ниво во последните четири месеци поради американските санкции за рускиот енергетски сектор

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Бизнис и Економија

САД на патот кон независност во критичните минерали

Бизнис и Економија

1,2 милиони Германци никогаш не биле вработени

Бизнис и Економија

„Гаспром“ соопшти дека од 1 јануари ќе го запре извозот на гас во Молдавија

Бизнис и Економија

ЕУ планира да воведе царини на увозот од САД во вредност од околу 95 милијарди евра доколку пропадне договорот

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?