Внимателно зад воланот: делници со одрони и пренасочувања низ државата

ФОТО: Општина Делчево

Сообраќајот низ државата утринава се одвива во зимски услови, со наместа влажни и лизгави коловози, што бара дополнителна внимателност од возачите.

Според информациите од Авто-мото сојуз на Македонија (АМСМ), интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини засега нема подолги задржувања за патнички возила и автобуси.

Од 15 ноември во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема, без разлика на моменталните временски услови.
Ова правило ќе важи до 15 март 2026 година, а непочитувањето може да резултира со казни.

Возачите се предупредуваат на поголема претпазливост, особено низ:

  • Катланово – Велес
  • Маврово – Дебар – Струга
  • Виница – Берово
  • Кочани – Делчево

Овие делници минуваат низ клисури и долини каде постои зголемен ризик од одрони и свлечишта.

Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица ќе биде целосно затворен за сите возила до 31 март, поради сезонски зимски режим.

Во тек се повеќе инфраструктурни зафати:

  • Прилеп – Битола (Коридор 10Д) – сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат Р1101
  • Скопска обиколница (А2) – затворена левата лента, движење по средна и десна
  • Крива Паланка – Страцин – рачна регулација преку ден, семафори навечер
  • Косоврасти – Мелнички Мост – санација на свлечиште со времен режим
  • Гостивар – Стража (мост Здуње) – наизменично пропуштање со семафори поради реконструкција

Поради овие активности можни се повремени застои и забавување на сообраќајот.

Сподели ја оваа објава