Проверете дали сте на списокот: делови од 5 градови денес без струја

Поради планирани технички зафати и одржување на електродистрибутивната мрежа, ЕВН Македонија информира дека денес (4 февруари) ќе има повремени прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе градови и населени места низ државата.

Исклучувањата ќе траат од два до шест часа, зависно од локацијата.

Куманово (08:00 – 10:00)

Без електрична енергија ќе останат делови од:

  • ул. Никола Михаловски Брада
  • ул. Васко Карнгелески
  • ул. АВНОЈ
  • ул. Мирче Ацев

Дабиле и Струмица

Дабиле (09:30 – 13:00)

  • целото село
  • објектот Тргопродукт

Струмица (10:00 – 15:00)

  • дел од ул. Струма
  • дел од ул. Стив Наумов
  • викенд населбата Софилар

Штип

09:00 – 15:30

  • ул. Григор Прличев
  • ул. 4-ти Јули

09:00 – 15:00

  • објектот на ИГЕДО ДООЕЛ (ул. Брегалничка, спроти бензинската Лас Петрол)

Кочански регион (08:40 – 13:00)

Прекин ќе има во:

  • с. Горни Подлог
  • с. Долни Подлог
  • с. Мојанци
  • с. Тркање (делумно)

Како и кај неколку правни субјекти и објекти:

  • Оризова фабрика „Даниво“
  • Исток-Мермер
  • Компосара
  • Пречистителна станица за отпадни води
  • улиците Ударничка, Коста Рацин, Шукри Шајн и Крушевска

Велес (09:20 – 15:00)

  • корисниците во с. Попадија

Од компанијата апелираат граѓаните навреме да ги прилагодат своите обврски, да ги заштитат електричните уреди и да имаат предвид дека можни се мали отстапувања во времетраењето на прекините.

Сподели ја оваа објава