Во Италија се промовираше вистината за Македонците и Македонија

12 октомври 2024 година, Тренто, Италија – Македонското културно друштво “Свети Кирил и Методиј” во Тренто, денес беше домаќин на промоцијата на книгата “Македонци – милениумски сведоштва за идентитетското име” од Бранислав Светозаревиќ.

Промотор на книгата беше Ацо Македон Крстески, претседател на Светскиот Македонски Конгрес за Европа.

– Продолжуваме да ја шириме вистината за македонската историја, за Македонците и за Македонија, – рече Ацо Македон Крстески.

Македонците во италијанскиот град Тренто покажаа голем интерес за идентитетските прашања на Македонскиот народ соочени со се’ поагресивната бугарска и грчка антимакедонска пропаганда за денационализација и асимилација на Македонците во светот.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава