spot_img

Либан истрела 25 проектили кон Голанската висорамнина

Тел Авив, 14 април 2024 (МИА) – Во Голанската висорамнина утрово се огласија сирени за тревога бидејќи Либан истрела околу 25 проектили, соопштија израелските одбранбени...
spot_imgspot_img
ПочетнаВестиЕК предложи измени на Буџетот на ЕУ за 2024 година, 501 милион...

ЕК предложи измени на Буџетот на ЕУ за 2024 година, 501 милион евра наменети за Западниот Балкан

Брисел, 1 март 2024 (МИА) – Согласно усвоената ревизија на Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ) за периодот 2021-2027 година, Европската комисија предложи измени на Буџетот на ЕУ за 2024 година, со кои за Планот за раст за Западниот Балкан се предвидуваат 501 милион евра.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, изменетиот Буџет, кој е зголемен за над 5,8 милијарди евра, треба да и овозможи на ЕУ да продолжи со реализација на своите заеднички приоритети за оваа година во полза на граѓаните, кои живеат во Унијата, но и надвор од неа.

– Конкретно, тоа ќе ја зајакне нашата поддршка за Украина, ќе ги зголеми инвестициите во критичните технологии и одбраната и ќе обезбеди дополнителни ресурси за поддршка на партнерите од Западниот Балкан, соопшти Европската комисија, додавајќи дека со измените, исто така, во Буџетот на ЕУ се одвојуваат и средства наменети за помош на земјите членки во случај на природни непогоди или хуманитарни кризи.

Со измените на Буџетот на ЕУ за 2024 година, покрај 501-те милион евра за реформи и раст на Западниот Балкан, 4,8 милијарди евра се наменети за зајакнување на Украинскиот механизам, наменет за поддршка на Украина, 376 милиони евра се одредени за Платформата за стратешки технологии за Европа (СТЕП) како дел од Европскиот одбранбен фонд и 365 милиони евра за Европските резерви за солидарност и итна помош.

Предлогот за измена на Буџетот за 2024 година сега ќе биде доставен на усвојување до Европскиот парламент и до Советот на ЕУ.

Од: Сашко Панајотов Извор: МИА

Придружете се на Вибер каналот на Македонија Денес. Притиснете ТУКА.
spot_img
spot_img