Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Европска иднина и заложби за сите граѓани – ветувања од претседателските кандидати на стартот на кампањата

05.04.2024 07:03
Сподели

Скопје, 5 април 2024 (МИА) – Предизборната кампања за Претседателските избори денеска продолжува со презентација на програмите на кандидатите на митинзи, дебати и средби со граѓани. На првиот ден од кампањата кандидатите изнесоа заложби за европска иднина на државата, со ветувања за функционални институциите со делегирање на професионални кадри, сите со реторика дека ќе бидат претседател на сите граѓани, како и критики до опонентите.

Изборните штабови најавуваат дека изборниот караван на кандидатот на Коалицијата на СДСМ Стево Пендаровски денеска ќе ги посети општините Карбинци  и Пробиштип, по што ќе одржи централен митинг во Штип, а кандидатката за претседател поддржана од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова ќе ја презентира  програмата пред граѓаните на Вевчани, Струга и Ресен.

Кандидатот за претседател на Европскиот фронт, Бујар Османи, во дворот на Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје ќе одржи отворена дискусија на тема: „Членство на Северна Македонија во ЕУ, до 2030 година“ каде учесници ќе бидат академски претставници, студенти и невладини организации.

Банер Банер BrandEcho

Активности ќе има и кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски кој во Берово, Делчево, Македонска Каменица, Виница и Кочани на средби со граѓани ќе ја презентира програмата „Манифест за Македонија“, додека Коалицијата „Вреди“ која застана зад претседателскиот кандидат Арбен Таравари, најави прес-конференцијата во Скопје.

Актуелниот претседател и кандидат за нов мандат синоќа на митинг во Прилеп порача дека неговата опција е европски просперитет, а не враќање во балканската кал.  – Ако Македонија во догледно време не стане членка на ЕУ сами не ќе можеме да го спречиме во поголем процент иселувањето. Затоа е императивно на достоинствен начин да влеземе во ЕУ. Не треба да ни се одземе кои сме и што сме, јазикот и идентитетот ни се гарантирани…Опцијата за која се застапувам и за која живеам не може да не врати повторно во балканската кал, туку во просперитетна европска средина. Затоа заокружете 1, Македонија не смее да се враќа назад, туку да оди само напред, истакна Пендаровски.

Според него, ова нема да бидат историски избори бидејќи „нема дилема зашто се е јасно со бела и црна понуда“, но, како што рече, „постои опасност од главната опозициска партија која нуди враќање назад“.

Кандидатката Силјановска Давкова на митингот пред Владата со кој ВМРО – ДПМНЕ и партиите од коалицијата ја почнаа кампањата за Претседателските избори порача да ги почитуваме темелните вредности на нашиот уставен поредок.

-Ама и во какви било односи кон надвор со држави поголеми од нас, па и со сојузи како што е ЕУ, ние вистинските европјани, имаме обврска да потсетуваме на темелните вредности, оти без нив нема ниту демократија, ниту просперитет, ниту мир. Не се оди во Европа со реторика ЕУ, НАТО, НАТО ЕУ. Не, туку со почитување на вредностите и со практикување на вредностите само ако станеме нормална, стандардна држава, ќе бидеме во рамките на ЕУ, рече Силјановска Давкова.

Билјана Ванковска, кандидатката на Левица, пак, од Струмица порача дека себе си се дефинира како можен претседател на сите граѓани, бидејќи, како што рече, така пишува во Уставот и би била претседател на сите сиромашни, сите обесправени, сите дискриминирани, а такви има и меѓу Албанците, и меѓу Ромите, и меѓу Србите, и меѓу Власите и меѓу сите.

Ванковска рече дека битката не е само нејзина, туку е на сите и сака да ја изоди како народен трибун и да биде негов глас и повика на 24 април масовно да се излезе на гласање.

Со програма под наслов „Манифест за Македонија“ и со слоганот „Максимум за Македонија“ претседателскиот кандидат Максим Димитриевски кампањата на претседателски избори ја почна од Крушево.

-Мојата програма се базира на пет стратешки начела и пет приорити со кои ќе се зафатам во првите 200 дена. Моите пет начела се: единствени во надворешната политика, глас на разумот и обединувањето, поцврсти во одбраната и безбедноста, силни институции за заштита на граѓанинот и државата и вклученост и одговорност. Ќе ја зајакнам улогата на претседателот во надворешните односи, ќе поттикнувам и одржувам редовен, конструктивен и аргументиран дијалог со политичките субјекти за да постигнеме разбирање и согласност за клучните цели на државата – во надворешната и внатрешната политика, како врховен командант, ќе работам на зајакнување на капацитетите на македонската армија, ќе ги вложам сите напори за да се валоризира нашето членство во НАТО, рече Димитриевски пред Македониумот во Крушево.

Претседателскиот кандидат на ГРОМ ги почна активностите со средби со граѓани во Тетово,  каде порача дека нема повлекување се додека не се промени црно-белиот свет на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. – Како претседател на Република Македонија нема да ги делам граѓаните по етничка и верска припадност, јас ќе бидам претседател на сите и секој граѓанин во мене ќе има свој заштитник, истакна Јакимовски.

Според претседателскиот кандидат на ДУИ Бујар Османи, претстојните претседателски избори не се обични избори, туку, како што вели, се народен референдум што ќе ја определи иднината на државата.  – Нашата држава се наоѓа на крстопат. Еден пат води кон светла европска иднина, другиот пат води кон изолација бесперспективност и нејасност. Затоа овие избори не се обични избори, туку се народен референдум којшто ќе ја определи иднината на оваа држава,  рече Османи на прес-конференција пред претседателската вила Водно.

На првиот ден од кампањата, претседателскиот кандидат Таравари присуствуваше на отворање партиски изборен штаб во Дебар.

Од Лидија Велковска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Јавни набавки
Приказ на реализирани и планирани јавни набавки.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Позајмил автомобил од братучед – па го продал за 4.500 евра

Без струја и вода повеќе делови од Скопје

Поставени контејнери за компостирање растителен отпад

Времето денес: Облачно и нестабилно со можни поројни дождови

Охриѓанец уапсен за испраќање недолични пораки на малолетничка

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македонија

76-годишен возач удри две деца во Скопје – двете се борат за живот

Хроника

Обид за братоубиство во Скопје – го оставил братот во крв и повикал итна помош дури по три часа!

Македонија

Енергетски преглед за април 2025: Произведена е 73.6% од потребната електрична енергија, значителни промени во потрошувачката на енергенти

Хроника

25 малолетници фатени пијани во Тетово!

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?