Седумнаесетгодишно девојче од Скопје се здобило со тешки телесни повреди откако паднало во отвор за лифт во зграда во изградба на подрачјето на Центар.
Како што информира полицијата, случајот бил пријавен на 10 мај 2026 година во 04:00 часот во СВР Скопје, од страна на Т.К. (47) од Скопје, мајка на повредената малолетничка.
Според пријавеното, девојчето паднало во отвор за лифт во објект во изградба, при што се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
▶ Случајно видео
Пробај ја и оваа алатка:


