31-годишник пријавен поради недозволено оружје и муниција

ФОТО: МВР

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.М. (31) од село Тодоровци, општина Македонска Каменица, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

Според информациите од полицијата, пријавениот во својот дом неовластено чувал ловечка пушка калибар 16 милиметри, како и 155 парчиња муниција, без да поседува соодветна дозвола.

По документирањето на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава