ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ж.А. (50) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Според пријавата, на 27.12.2025 пријавениот одзел паричник од едно лице, во кој имало пари и лични документи. Потоа, во два наврати се обидел да изврши плаќања преку платежната картичка на банкомат, но трансакциите биле неуспешни. Исто така, успеал да изврши една трансакција на бензинска станица.
Со своето дејствување, пријавениот му предизвикал на оштетеното лице материјална штета во износ од 36.000 денари.
По целосно документирање на случајот, против Ж.А. ќе следува соодветна кривична пријава.
▶ Случајно видео
Пробај ја и оваа алатка:


