Малолетничка во Чаир била ограбена со закана со остар предмет, случајот го истражува полицијата

Шеснаесетгодишно девојче од Скопје било жртва на разбојништво на подрачјето на Чаир, откако неколку малолетници со закана со остар предмет ѝ одзеле пари и ѝ упатиле дополнителни закани.

Како што информира полицијата, случајот бил пријавен на 17 мај 2026 година во 19:30 часот во СВР Скопје, од страна на Ф.М. (40) од Скопје, татко на малолетничката.

Според пријавеното, на 7 мај 2026 година околу 08 часот, на подрачјето на Чаир, неколку малолетници со закана со остар предмет ѝ одзеле пари на неговата 16-годишна ќерка. Како што се наведува, тие ѝ се заканувале дека и во наредните денови повторно ќе треба да им дава пари.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава