Во Тетово приведени двајца малолетници, кај нив била пронајдена марихуана

ФОТО: МВР

Двајца 16-годишни малолетници од тетовското село Рогле биле лишени од слобода, откако кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

Како што информира полицијата, случајот се случил на 8 мај 2026 година во 19:50 часот во Тетово, кога полициски службеници од СВР Тетово ги привеле малолетниците.

За настанот бил известен јавен обвинител, а со малолетниците бил извршен службен разговор во присуство на родител.

По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава