Акција на полицијата во Делчево – Полицијата приведе пензионери кои пукале во дрвена мета со воздушни пушки

На 08.05.2026 година во 10:25 часот, во ОВР Делчево е пријавено дека тројца пензионери од Делчево, Н.А. (76), Ф.С. (80) и Б.П. (80), пукале во дрвена мета со две воздушни пушки калибар 4,5 мм, сопственост на Здружението на пензионери од Делчево, каде тие се членови.

Според извршениот службен разговор, пријавените се подготвувале за пензионерски спортски натпревар, кој треба да се одржи кон крајот на месец мај во Кочани.

Метата, пушки и муницијата (дијаболи) се одземени, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава