Лицe од Албанија лишен од слобода на граничен премин Блато по меѓународна потерница

На 08.05.2026 година во 11:05 часот, полициски службеници на Граничен премин Блато го лишија од слобода Ф.М. (42) од Република Албанија.

При извршените проверки било утврдено дека лицето е предмет на меѓународна потрага, евидентирано со мерка „апси“ по барање на Интерпол-Италија за сторени повеќе кривични дела.

Ф.М. е предадено на полициски службеници од Полициската станица Дебар за понатамошна постапка.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава