Неверојатно: 14 годишен малолетник управувал со украдено БМВ, полицијата го уапси

На 26 септември 2025 година, околу 18:15 часот, полициските службеници од СВР Охрид уапсиле 14-годишен малолетник од Гостивар, кој управувал со патничко возило марка „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки. Возилото, сопственост на 66-годишниот Г.И. од селото Форино, постои сомневање дека било противправно одземено.

По забележувањето на возилото, полицијата го запрела на регионалниот пат Охрид-Ресен и веднаш го исклучила од сообраќај. Со малолетникот е извршен службен разговор во присуство на претставник од Центарот за социјални работи во Охрид, по што е спроведен во ОВР Гостивар.

Возилото е вратено на сопственикот, а по целосно документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава против малолетникот.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава