Приведен 28-годишник – се обидел да силува малолетничка со која бил во роднинска врска!

ФОТО: МВР

Вчера попладне, околу 15 часот, во струмичко село, полициските службеници од СВР Струмица го привеле 28-годишниот Д.Р. по добиена пријава дека се обидел да изврши обљуба врз малолетничка, со која бил во роднинска врска.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека осомничениот е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Овој немил настан предизвика бурни реакции во локалната заедница, која бара строги санкции и примерна казна за сторителот.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава