Двајца малолетници од тетовско пријавени за насилство и загрозување на сигурноста

ФОТО: МВР

СВР Тетово поднесе известување против двајца 16-годишници, едниот од село Шипковица, а другиот од село Гајре, поради сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста“.

Според информациите од полицијата, на 20 февруари 2026 година во село Шипковица, пријавените физички го нападнале З.И. во неговиот двор.

Воедно, според пријавеното, првопријавениот му упатувал и закани со автоматска пушка.

По документирањето на случајот, против двајцата малолетници е поднесено соодветно известување.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава