Грчки државјанин кривично пријавен на Табановце, кај него пронајдено масло од хашиш

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.К. (46) од Република Грција поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Според информациите од полицијата, случајот датира од 16 август 2025 година, кога на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, при извршен преглед на лицето и на патничкото возило што го управувал, била пронајдена и одземена тегла со масло од хашиш.

По документирањето на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава