Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Дијаспора и МНМ

Македонците од цел свет се собираат во Скопје – 35. Генерално собрание на СМК ќе се одржи на 10 август

14.07.2025 04:26
Сподели

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) упатува јавна покана за учество на 35. Генерално собрание, што ќе се одржи на 10 август 2025 година (недела), со почеток од 10:30 часот, во големата сала на Советот на Град Скопје, во Градскиот парк.

Очекувањата се големи – на собранието ќе присуствуваат пратеници и делегати од сите краишта на Македонија и од дијаспората. Во фокусот ќе бидат низа значајни резолуции што ќе се усвојат, меѓу кои:

  • Резолуција за геноцидот врз македонскиот народ,
  • Резолуција за името и идентитетот,
  • Резолуција за статусот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија,
  • Резолуција за пописот и одлуките на Уставниот суд,
  • Резолуција за надворешната политика,
  • Како и резолуција за настаните од 27 април 2017 година.

На настанот се поканети и највисоките државни претставници – претседателот на државата, премиерот и неколку министри, како и Поглаварот на МПЦ – ОА.

Банер Банер BrandEcho

СМК ги повикува сите свои членови, здруженија и поединци, да го пријават своето присуство најдоцна до денот на одржувањето. Пријавувањето може да се изврши преку е-пошта на todorwmc@yahoo.com или со СМС на бројот 070 255 735. За здруженијата, потребно е да се достават основни податоци за организацијата и контакт лицата, додека поединечните членови треба да наведат лични податоци и контакт.

На 11 август, како дел од активностите, ќе се положи свежо цвеќе на гробот на великанот Гоце Делчев, во црквата „Свети Спас“. Панихида за сите борци за Македонија ќе се одржи со благослов на Архиепископот г.г. Стефан.

Светскиот Македонски Конгрес го одржува своето собрание во еден од клучните моменти за македонското прашање и останува платформа за застапување на националните интереси – дома и во светот.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за тоа колку време губиш во сообраќај
Колку време губиш во сообраќај?
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Традицијата не е кривично дело, македонските обичаи нема да згаснат!

Прослава на македонската култура во Канада

Македонската заедница во Данска со донација за Кочани

Апел за масовно попишување на Македонците од областа Гора, Призренска Жупа и цело Косово

Меѓу двата пописа Општина Пустец со 43 отсто помал број жители

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Дијаспора и МНМ

МД „Илинден“- Тирана го актуелизира барањето за формирање посебни општини Голо Брдо и Гора

Дијаспора и МНМ

МД „Илинден” – Тирана и го честиташе изборот на Спиропали за претседателка на албанскиот парламент

Дијаспора и МНМ

Втора македонска вечер во Москва

Дијаспора и МНМ

СМК: Претседателот е должен седниците на Собранието да ги води на Македонски јазик

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?