Тројца млади лица од Прилеп, меѓу кои и малолетник, се соочуваат со кривична пријава поради сомнение дека извршиле разбојништво врз такси возач.
Според информациите од полицијата, станува збор за лица на возраст од 19 и 18 години, како и 15-годишник, кои на 24 март на улицата „Дабничка“ во Прилеп физички нападнале таксист.
По нападот, осомничените му одзеле пари на возачот, по што случајот бил пријавен во полиција.
Од ОВР Прилеп информираат дека против тројцата е поднесена кривична пријава за делото „разбојништво“, а надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
▶ Случајно видео
Пробај ја и оваа алатка:


