СЕ ПРЕТСТАВИЛ КАКО ПОЛИЦАЕЦ: Украл возило, па нападнал жена!

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против 45-годишен жител на градот, поради сомнение за повеќе тешки кривични дела, меѓу кои лажно претставување, одземање моторно возило и тешка кражба на дрзок начин.

Според информациите, инцидентот се случил на 9 март 2025 година на улицата „Рибник“, каде пријавениот запрел патничко возило „пежо“ сопственост на правно лице, претставувајќи се како полициски службеник. Со тоа успеал да го доведе во заблуда возачот и да го одземе возилото, по што го напуштил местото.

Подоцна истиот ден, на улицата „Сутјеска“, додека управувал со одземеното возило, пријавениот застанал до женско лице. Според пријавата, тој физички ја нападнал и ѝ го одзел кучето.

Надлежните институции преземаат понатамошни мерки за расчистување на случајот.

Сподели ја оваа објава