Татко си го убил синот со ловечка пушка

Ужасна трагедија се случила вечерва во Тетово. Во населбата Блок 70 татко со ловечка пушка го убил својот син.

Засега нема официјално соопштение од СВР Тетово. Она што е познато е дека таткото е уапсен и поради тешката психолшка состојба под придружба на полицијата е однесен во тетовската болница.

Повеќе информации се очекува да бидат објавени во наредните неколку часови.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава