Автомобил излетал во Вардар – 4 годишно дете е спасено, се трага по останатите патници

Попладнево околу 16 часот автомобил излетал од локалниот пат за селото Рашче и паднал во Вардар.

ТВ Алсат неофицијално објави дека во возилото се наоѓале пет лица од исто семејство, меѓу кои и 4-годишно дете. Случајни минувачи го пронашле детето и веднаш го однеле во болница. Од скопската клиника е потврдено дека 4 годишното дете е надвор од животно загрозувачка состојба.

Во моментов на лице место се наоѓа јавен обвинител како и специјална екипа на МВР составена од нуркачи кои трагаат по останатите тела.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава